Петрково — археолошко наоѓалиште во кумановското село Макреш, Општина Старо Нагоричане. Претставува некропола од римско време.

Во непосредната близина на Макрешки мост на реката Петрошница се откриени надгробен споменик со латински натпис и дел од голем надгробен споменик од бел мермер со старогрчки натпис. Првиот се чува во Народниот музеј во Куманово, а вториот во лапидариумот на Музејот на Македонија (во Куршумли-ан) во Скопје.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско

Наводи