Чифлик — археолошко наоѓалиште во кочанското село Безиково. Претставува населба од доцноантичко време и старо-христијанска црква. Во непосредната близина на маалото Чифлик, на зарамнето плато со површина од 200 × 150 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, питоси и покривни ќерамиди. На источниот крај на наоѓалиштето се зачувани темели од старохристијанска црква чии димензии не можат да се одредат.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069

Поврзано

Безиково; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи