Шесте Куќи — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, веднаш покрај патот што води за селото Долни Дисан. При подготвувањето на нивата за лозов насад Н. Василев открил и раскопал еден гроб со конструкција од големи монолитни плочи во кој нашол висулец - амулет со кружна форма, чешел, двојна секира и салталеони изработени од бронза. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Неготино.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Список на средновековни некрополи во Македонија; Анска Чешма — некропола од римското време; Белогурија — населба и некропола од римското време; Бунарје — градиште од доцноантичкото време; Градиште — населба од бронзеното време; Лесково Чешмиче - Камено — населба од доцноантичкото време и средниот век; Мали Дол — некропола од средниот век; Романов Гроб — некропола од римското време; Студена Чешма — населба од римското време; Црквиште — старохристијанска црква; Чаир — градиште — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време.

Наводи

Категорија:Тремник