мини|„Кола со музичари“ (постер од 1953 година) Кола со музичари (англиски: The Band Wagon) - американски филм од 1953 година, во режија на Винсент Минели. Главните улоги ги играат: Фред Астер, Сид Шарис, Џек Бјукенен, Нанет Фабреј и Оскар Левант.IMDb, The Band Wagon (1953) (пристапено на 1.1.2021) Филмот бил номиниран за „Оскар“ во три категории, но не успеал да победи во ниедна. Меѓутоа, поради неговото значење, во 1995 година бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.IMDb, The Band Wagon (1953)Awards (пристапено на 1.1.2021)
Синопсис Тони Хантер (го игра Астер), поранешен успешен глумец кој веќе три години нема снимено филм, пристигнува во Њујорк, а неговите пријатели Лестер (го игра Левант) и Лили Мартон (ја игра Фабреј) му нудат улога во нивниот мјузикл кој треба да го режира прославениот режисер Џефри Кордова (го игра Бјукенен). Тони ја прифаќа понудената улога, а Кордова ја замислува претставата како модерна варијанта на „Фауст“. Истовремено, тој ја ангажира убавата балерина Габриела (ја игра Шарис). На почетокот, односите меѓу Тони и Габриела се студени, но подоцна тие се зближуваат. Претставата претрпува голем неуспех и тогаш Тони и брачниот пар Мертон одлучуваат да ја преработат и да ја направат вистинска музичка комедија. Нивната идеја се покажува исправна, а Кордова се согласува да учествува во новата претстава коај станува популарна, а по премиерата Габриела и Тони се бакнуваат.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1953 година Категорија:Филмови на Винсент Минели Категорија:Филмови со Фред Астер Категорија:Филмови со Сид Шарис Категорија:Филмови Оскар Левант Категорија:Филмови со Нанет Фебреј Категорија:Филмови со Џек Бјукенен Категорија:Мјузикли Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк