Регионален пат 1202 (ознака: Р1202) — регионален пат во Македонија, со насока на движење најпрвин исток-запад, а подоцна север-југ. Има вкупна должина од 61,7 километри и 10 делници. Патот започнува кај селото Ново Село и се движи преку Маврови Анови и Дебар до границата со Албанија до граничниот премин Блато.

Во овој пат влегува и кракот до Бигорскиот манастир.

Делници

Регионалниот пат 1202 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 10 различни делници.

+Протегање на регионалниот пат Делница ПочетокКрајПотег (км) — врска со 0,01288Ново Село (Церово)Бунец0,0 - 5,41289БунецМаврови Анови5,4 - 11,91290Маврови АновиБигорски манастир11,9 - 35,51291Бигорски манастирРостуше (Аџиевци)35,5 - 37,31292Ростуше (Аџиевци)Бошков мост37,3 - 45,41293Бошков мостМелнички мост45,4 - 50,41294Мелнички мостДебар50,4 - 54,81295ДебарКривци54,8 - 58,61296Кривциграница со Албанија58,6 - 60,9 — 60,9

Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1297 до Бигорскиот манастир во должина од 802 метри, со што вкупната должина на Р1202 е 61,7 километри.

Поврзано Регионални патишта во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Регионални патишта во Македонија