Бугароман — поим којшто се употребува за означување човек од етничко македонско потекло кој, под влијание на бугарската пропаганда, себеси се смета за Бугарин.
Бугароманите, застануваат во одбрана на политичката, идеолошката и историската позиција на Република Бугарија и работат на штета на својата матична држава, Република Македонија. Слична („поблага“) форма на бугароманијата е бугарофилијата - термин со кој се означуваат отворени симпатии кон бугарските етничко-културолошки обележја, но не и по штета на сопствената матична држава.
Меѓу најраните употреби на овој термин од македонски автор, се забележува во делото „За Македонцките работи“, од Крсте Петков Мисирков.
Додека, рана употреба на терминот бугароман од странски автор, е забележана од Петар Даниилович Драганов виден руски славист, по потекло Бугарин. Тој како стипеднист на Бугарската егзархија, во 1885г., добил задача да работи на бугаризација на македонското население, но всушност ја осознал посебноста на македонскиот јазик, при што запишал:
ВМРО (Обединета), исто така во 1930г., издава Повик кон Македонците за борба против асимилацијата на македонскиот народ во трите дела на поделена Македонија, а против пропагандите на соседите, во кој стои:
Употреба на термините Научната јавност, внимава на употребата и немешањето на поимите: македонски Бугари, бугараш, бугарофил и бугароман. Но, често јавните гласила, медиуми намерно или ненамерно знаат да ги употребат овие термини во погрешен контекст. Бугароманијата има за цел, со употреба на сите средства да ја постави бугарската пропаганда како релевантно мерило за супериорноста на бугарската држава, политика и историја, на сметка на соседните држави. Бугарскиот автор Чавдар Маринов, Прабугароманијата ја поврзува со многубројната издадена литература во изминатите декади која според него, не секогаш има научна основа да ги поврзува историските факти.
Како дел од Бугарската пропаганда Бугарската пропаганда, била силно подржана и спроведувана преку Егзархијата, на што јасен осврт и критика дава и македонскиот револуционер и деец, Петар Поп Арсов, во неговото дело „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, дека луѓето кои се именувале за бугари, го правеле тоа за пари (а, не од национално чувство или припадност кон бугарската нација):
Поголемиот број македонски дејци биле под силен напад и агитација на бугарската пропаганда и стоеле на патот на бугароманите, еден од нив бил и Ѓорче Петров.
Преку спроведување на бугарската и било која странска (српска, грчка или албанска) пропаганда, како и порано така и во денешно време се врши разнебитување на државниот поредок на нашата држава. Ова се врши преку три етапи, во кои удел заземаат и локалните бугаромани и бугарофили:
Разнебитување на институциите на државата: создавање неред во школскиот и здравствениот систем, се маргинализира улогата на армијата, полицијата, дипломатијата, се прават паралелни институции и организации. Обезличување или вршење егзодус на народот: преку разни форми на денационализација или економски притисок врз народот, со примање на туѓо државјанство и пасоши заради разни политички и квазибизнис пропаганди Освојување на територијата на државата: со спонтани ненасилни, но најчесто насилни методи (принудна продажба на имотот заради влошени меѓусоседски односи, влошени безбедносни состојби или заради иселување на цели семејства во градовите или во странство, но во последно време и заради етничка и верска нетрпеливост).
Разлика во терминологија Во денешно време термините:
Македонски Бугари - опишуваат Бугарско малцинство кое живее во Република Македонија. Во периодот на Втората светска војна, терминот Македонски Бугарин бил истоветен со бугароман, што се гледа од обраќањето на Кочо Рацин кон Македонските Бугари и нивните заложби. Бугарофил - опишува човек кој приоритет му е Република Македонија, (нејзината култура, цивилизација, историја), а кога се работи за други држави, секогаш ја претпочита и поддржува Бугарија (но, не и по штета на Македонија) Бугароман - опишува човек кој поради бугарската пропаганда, себеси си се декларира како Бугарин, а притоа работи за бугарската кауза, ја шири бугарската пропаганда, на штета на својата матична држава Република Македонија. Бугараш - овој термин бил во голема употреба, после Втората светска војна, но неправедно со ист назив - бугараши, биле етикетирани македонските патриоти од една страна, но и бугарофилите и бугароманите од друга страна.
Поврзано
Бугарофили Србомани Гркомани
Наводи
Надворешни врски
Бугарските фалсификати на документи поврзани со македонската самобитност - 2 дел - Александар Донски
Категорија:Бугарска пропаганда во Македонија