The Legend of Zelda: Ocarina of Time (, Зеруда но Денсецу Токи но Окарина; ) е видеоигра за Нинтендо 64 конзола. Таа е петта игра во серијата The Legend of Zelda и прва од серијата издадена за Нинтендо 64. Била издадена во Јапонија на 21 ноември 1998. Била следена од директното продолжение, The Legend of Zelda: Majora's Mask (Маската на Маџора). Ocarina of Time е 3Д фантастичка акциона РПГ игра каде што играчот ги игра улогите. Херојот и ликот којшто го контролира играчот се вика Линк. Тој мора да го запре лошиот Ганондорф кој сака да го добие легендарниот „Три Сили“ (Triforce), волшебен предмет составен од три златни триаголници, коишто можат да бидат користени за контрола на земјата Хирул, каде што е поставена играта. За да го запре Ганондорф, Линк патува низ времето користејќи окарина, комуницирајќи со населението на Хирул, вклучувајќи ја и Принцезата Зелда, која е член на кралското семејство на Хирул, опремувајќи се со оружја и предмети, борејќи се со чудовишта и решавајќи загатки во лавиринтите на пештерите. Само шест месеци од нејзиното издавање, Ocarina of Time се продаде во повеќе од пет милиони копии; од нејзиното идавање до сега, продадени се повеќе од 12 милиони копии. Во продолжение на овој комерцијален успех, Ocarina of Time е рангирана како најдобрата игра на сите времиња. Била прогласена за игра на годината 1999, од Академијата на Интерактивни Уметности и Науки (Academy of Interactive Arts and Sciences). Била прогласена за најдобра видеоигра засекогаш од магазинот Еџ (Edge magazine) .
Игра
250px|right|thumb|Линк се бори со Волфос
Ocarina of Time е 3Д авантуристичка игра во трето лице, којашто е поставена во измисленото кралство Хирул, голем и потполно поврзан свет.
Линк се контролира со користење на контролер (зависно од конзолата) и неговото главно оружје е неговиот меч, наместен на копчето Б (B) на Н64 контролерот. Уште три предмети можат да се стават на Ц (C)-десно, Ц (C)-долу и Ц (C)-лево од инвентарот на Линк. Линк почнува со релативно мал инвентар, но како што напредува во играта, тој собира предмети и оружја (вклучувајќи надградени мечеви) и така го зголемува својот инвентар.
Како во претходните игри на Зелда, светот содржи повеќе пештери, големи самостојни области со единствени влезови од надворешниот свет. Во повеќето пештери, Линк мора да се бори и да решава загатки низ неговото патување, наоѓајќи карти на пештерите, компаси и клучеви. Пештерата типично содржи специјално оружје, често потребно за да се победи Господарот во последната соба, а за чие отворање е потребен клуч.
Ocarina of Time вклучува и можност која се вика З-нишанење So named because it was executed by the Z button, Z-targeting is referred to as L-targeting in the GameCube re-releases. See and . Ова овозможува да се држи камерата фокусирана на непријателот или на важен предмет и го остава Линк да се фокусира на нападот на тој предмет.
Заплет
Подесување и ликови
Играта е сместена во Хирул, кралство создадено пред многу години од три божици: Дин, божицата на Силата, која ја создала земјата и со оган ги обоила планините со црвена боја; Најри, божицата на Мудроста, ги создала науката и мудроста и донела закон и ред во природата; и Фарор, божицата на Храброста, ги создала животните коишто одат по земјата и птиците коишто летаат на небото. Кога тие ја оставаат земјата за да се вратат на небото, тие оставаат сила којашто може да ја исполни секоја желба на секој кој ќе го допре Трите Сили. Трите Сили е запечатен во друга димензија наречена „Света просторија“ (Sacred Realm), мистичен паралелен свет, што е осигуран со главниот меч во неговиот пиедестал во Храмот на Времето. Некое време по големата војна, приказната почнува кога момчето наречено Линк има кошмари во шумата Кокири, покрај Изгубената Шума, во југоисточниот дел на Хирул.
Неколку хуманоидни раси живеат во Хирул. Хилијаните се раса кои личат на луѓето, со таа разлика што нивните уши се зашилени нагоре како кај самовилите. Хилијаните најчесто се населени во градот Хирул, каде што се наоѓа и замокот Хирул. Некои живеат и во блиското село Какарико, а некои се распространети низ целата земја Хирул. Со нив владее крал (присутен, но надвор од самата игра), а негова ќерка е принцезата Зелда.
Расата Кокири се шумски деца создадени од духот на чуварот Големото дрво Деку. Тие никогаш не пораснуваат и не стареат и никогаш не ја напуштаат шумата. Сите деца Кокири имаат дух на самовила којшто ги прати низ нивните животи. Херојот на играта, Линк, живее меѓу нив од почетокот на играта. Негов најблизок пријател е Сарија. Линк не е вистински Кокири туку е Хилијан. Како бебе, Линк е пронајден во шумата и израснат од страна на Големото дрво Деку, кој почувствувал дека тоа е дете на судбината. Мидо се однесува како водач на децата Кокири (најчесто е во заблуда).
Гороните се големи, кафеави суштества што јадат камења. Тие живеат во градот Горон, на половина пат кон активниот вулкан на Мртвата Планина, и нивен водач е Дарунија. Од друга страна, Зораните се сребрени суштества слични на риби, што живеат на изворот на реката Зора, која го снабдува кралството со вода. Реката тече низ целиот Хирул до езерото Хилија, на другиот крај на кралството. Со Зораните владее кралот Зора, а негова ќерка е принцезата Руто. Духот-чувар на изворот на Зора е лордот Џабу-Џабу, огромна риба во која се наоѓа третата пештера во играта.
Чуварите на сенките Шеиках, кои го чуваат кралското семејство по секоја цена, се раса на Хилијани со црвени очи. Тие поседуваат многу волшебни способности и знаат да ги користат сенките. Импа ја чува Зелда уште кога таа била мала, и таа е последниот припадник на Шеикахните. Таа помага во основањето на селото Какарико, во подножјето на Мртвата Планина.
Расата Герудо е составена целосно од женски членови кои живеат во пустината на запад. Само еден маж се раѓа на секои сто години и тој секогаш станува нивен крал. Последен од нив е Ганондорф, човекот со црн оклоп и зли очи, кој се заколнал на верност кон кралот на Хирул, но во реалноста тој не е тоа. Ганондорф е главен негативец во играта. Но расата Герудо, изненадувачки ќе биде поведена од Набору, која одбива да го признае Ганондорф за нејзин крал.
Меѓу другите ликови во играта се самовилата Нави која го придружува на Линк, неговиот коњ Епона, вештерките близначки Коуме и Котаке, кои се сурогат мајки на Ганондорф, тајниот идентитет на Зелда (кога е маскирана, Шејк) и жителите на ранчот: Талон, Малон и Инго. Во продолжение се појавува мудриот був Каепора Гаебора, кој го советува Линк низ играта.
Приказна
250px|right|thumb|Линк стои пред Големото дрво Деку
Играта се отвора со Линк, кој сонува како стои пред замокот, ноќе, со дожд и громови. Линк веднаш ќе ја види младата девојка која е ставена на грбот на коњ што е јаван од личност во црна облека. Додека Линк спие, Големото дрво Деку ќе и каже на самовилата Нави дека тој е проколнат и дека умира, и ѝ дава задача да го води Линк на пат за да го спаси Хирул. Нави го повикува Линк за да го види Големото дрво Деку, но пред тоа Линк мора да го убеди љубоморниот Мидо да го пушти да помине. Големото дрво Деку му дава на Линк мисија да го најде и уништи проклетството кое го крши од внатре. Линк влегува во масивното дрво и низ борби ја наоѓа и ја победува кралицата Гохма. Иако проклетството е уништено, Големото дрво Деку му кажува дека тој е уништен уште пред Линк да влезе внатре во него. Тој му кажува на Линк дека човекот со црн оклоп, кој фрлил страшна клетва врз него, го бара Трите Сили. Тој исто така му го дава на Линк Смарагдот на Кокири (Духовниот камен на Шумата) и ќе го прати да се сретне со принцезата Зелда во замокот Хирул. Потоа тој умира.
По тајното влегување во замокот Хирул, Линк ја наоѓа Зелда, која му објаснува дека сонувала за иднината на Хирул и дека го видела доаѓањето на Линк. Таа верува дека Ганондорф е тој кој го проколнал Големото дрво Деку и дека тој сака да го има Трите Сили. За да го зачуваат Трите Сили од Ганондорф, Зелда му објаснува на Линк дека мора да ги добие трите тајни камења пред Ганондорф да ги добие и да ги искористи за да влезе во Светата просторија, каде што лежи Трите Сили. Зелда планира заедно со Линк да го искористи Трите Сили за да го победат Ганондорф. Импа, чуварот на Зелда, безбедно ќе го извади Линк од замокот.
Линк оди во градот Горон, којшто лежи на Мртвата Планина, каде што се наоѓа Духовниот камен на Огнот. Дарунија му кажува дека Ганондорф ја блокирал пештерата Додонго, изворот на храна на Гороните. По влегувањето на Линк во пештерата и победувањето на Кралот Додонго, Дарунија и Линк стануваат браќа по оружје и му го дава Духовниот Камен на Огнот, Рубинот на Горон. За последниот камен, Линк патува во Изворот на Зора. Кога стигнува таму, тој дознава дека Принцезата Руто била проголтана од Лордот Џабу-Џабу, џиновската риба, што исто така била проколната од Ганондорф. Внатре во Џабу-Џабу, Линк ја спасува Руто и го победува Баринаде. За херојството на Линк, Руто му го дава Сафирот на Зора (Духовниот Камен на Водата), но бидејќи каменот бил свршенички, Линк е присилен да стане свршеник на Руто.
Кога Линк ќе се врати во замокот, ќе го види на Ганондорф кој на Зелда и Импа ќе ги има седнато на грбот на неговиот коњ, исто како во неговиот сон на почеток на играта. Зелда ќе го забележи на Линк, и ќе ја фрли Окарината на Времето, (уште еден артефакт потребен за влез во Светата просторија), пред градот. Кога Линк ќе ја земе Окарината, Зелда телепатски ќе го научи да ја свири Песната на Времето "Song of Time", која ќе ја отвори вратата кон Храмот на Времето. Потоа, Линк со камењата и Песната на Времето ќе ја отвори Вратата на Времето, ќе го извлече Главниот Меч од неговиот пиедестал, и забрзано ќе отпатува во Светата просторија. Но, Ганондорф ќе го следи на Линк во Светата просторија и ќе ги земе Трите Сили за себе. Како постар, Линк ќе се разбуди во вечната соба наречена Комора на Сагите и ќе сретне постар човек со име Раур. Раур ќе го информира на Линк дека тој бил замрзнат во времето неколку години сè додека не станал доволно стар за да може да го земе Главниот меч и да го победи на Ганондорф. Раур ќе се претстави себеси како древен Саг на Светлината, еден од седумте Саги кои ги чуваат Трите Сили. Тој ќе му каже на Линк дека ако тој може да ги најде останатите шест Саги, тогаш ќе биде во можност да го затвори на Ганондорф во Светата просторија. Во меѓувреме Ганондорф го освојува на Хирул и го претвора во земја на темнината. Линк мора да ги ослободи на петте Духовни Храмови од чудовиштата на Ганон, и во секој храм да биде разбуден адекватниот Саг. Линк се враќа во Хирул и се среќава со мистериозна личност со име Шејк, кој се појавува периодично за да го води на Линк во неговата потрага.
Шејк го наведува на Линк во Храмот на Шумата во Изгубените Дрвја, каде што врска ќе ја уништи куклата наречена Фантомот Ганон, и ќе го разбуди на Шумскиот Саг: неговата стара Кокири пријателка Сарија. Линк ќе се врати на местото каде што почива Големото дрво Деку, и ќе види дека почнало да расте ново дрво Деку. Тоа ќе го информира на Линк дека тој всушност е Хилијан, кој бил посвоен од страна на Големото дрво Деку кратко после смртта на неговата мајка. Ова објаснува зошто Линк расте, додека сите Кокири остануваат деца. Потоа, Линк оди во Храмот на Огнот на врвот на Мртвата Планина, каде што ослободува неколку Горони и го победува на змиоликиот змеј со име Волвагија. Дарунија се разбудува како Саг на Огнот. Линк оди во Изворот на Зора и го наоѓа целиот замрзнат. Тој го наоѓа Храмот на Водата во езерото Хилија, каде што се бори со сликата од себеси и го победува на водното чудовиште наречено Морфа. Принцезата Руто се разбудува како Саг на Водата (и дознава дека нејзината свршувачка со Линк е нереална).