мини|Сценографија на Шарл-Антоан Камбо и Уманите Рене Филастр за вториот чин во премиерната изведба на „Буграви“ Бурграви (француски: Les Burgraves) — историска претстава на Виктор Иго, за првпат изведена од театарот „Француска комедија“ на 7 март 1843 година. Дејството се случува по должината на Рајна и го карактеризира враќањето на императорот Барбароса. Претставата пропаднала комерцијално и била последната од драмите на Иго направени во неговиот живот. Таа била предмет на оркестарска увертира од композиторот Гијом Лекје во 1890 година.
Претставата тематски се поврзува со иговата „Рајна“, есеистичка книга за Рајна; и двајцата беа овдахновени од патувањето покрај реката што Иго го направил со Жулиет Друе. „Буграви“ била објавена со предговор што укажува на тоа дека нејзиниот приказ на обединета Германија е дел од една поголема визија за обединета Европа во која Франција ќе игра средишна улога.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дела на Виктор Иго