Свети Никола — главна селска црква во кичевското село Туин, Македонија.

Црквата се наоѓа во горниот дел од селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта на христијанското население.

Местоположба

Црквата е сместена во Горно маало во селото.

Историја

Денешниот храм бил подигнат во 1922 година, додека црквата постоела одамна, но била запалена од Арбанасите во селото пред крајот на отоманскиот период.

Црквата била обновена на иницијатива на една жена од селото наречена Апостолица, која денес е погребана пред самата црква.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата поседува извесен фрескоживопис, кој бил уредуван од страна на браќата Костадин и Стојан Здравкоски.

Иконостас

Во црквата има иконостас, кој веројатно е исто така дело на браќата Здравкоски.

Галерија

Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Четврта кичевска парохија Туин

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Туин Туин