Нова Чешма — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бурилчево. Претставува населба и некропола од римското време. На влезот во селото, лево од денешната чешма има рамнина што благо се спушта кон долината на Брегалница. Во нивата на еден селанец, со земјоделските работи биле откривани темели од објекти ѕидани од камен и варов малтер. Оттука потекнуваат дел од стебло на столб, мермерен блок со релјефна претстава на коњаник (Тракиски коњаник) и капак од детски саркофаг од мермер. Релјефот е соѕидан во куЌата на сопственикот на нивата, а капакот подоцна го откупил Музејот од Штип.
Поврзано
Бурилчево; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
Наводи