Гноиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бели. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Околу 1,5 км северно од селото, покрај патот што води кон Осогово се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, питоси и покривни ќерамиди. На високо ритче што се издига над населбата се откриени гробови градени со камени плочи, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069

Поврзано

Бели; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи