Алтан — турска златна монета, најпрвин кована во Истанбул, во времето на Мехмед II Освојувачот (1478 г.). Во Македонија се ковала во Сер, во време на султанот Бајазит II во 1481 г.

По освојувањето на Египет и султанот Селим I Јавуз ковал златна монета (1517г.), позната под името ешреф. Подоцна златници ковале и други турски султани, во различни ковници низ царството. За време на владеењето на Сулејман Законодавецот и на Селим II, се ковале златници во Кратово. Паралелно со турските, во оптек биле и туѓи златници, особено венецијанските.

Наводи

Категорија:Монети Категорија:Нумизматика Категорија:Турска култура Категорија:Турцизми