Дика Мем (роден на 31.08.1997) е француски ракометар на ФК Барселона и на француската ракометна репрезентација.

Ракометна кариера Мем започнал да игра ракомет на возраст од само 13 години. Кариерата ја започнал во францускиот клуб Ивон, каде играл до својата 15-та година. Следните две сезони тој играл во Поле Еспоар, а една сезона во Сент Гратиен. Тој се прославил во ракометната елита на 17-годишна возраст и во сезоната 2015/16 дебитирал со Трембле. Во својата прва сезона во ЛНХ, Мем постигнал 93 голови на 25 натпревари. Пред тоа, тој веќе имал вкусено врвно натпреварување, станувајќи европски шампион со репрезентацијата на Франција до 18 години. Мем потпишал договор со ФК Барселона на шест сезони, почнувајќи од 2016/17.FC Barcelona profile

Мем учествувал на Светското првенство во ракомет за мажи 2017 година, каде со францускиот тим го освоил златниот медал.

Личен живот Неговите браќа се кошаркари.

Користена литература

Надворешни врски

Категорија:Ракометари на РК Барселона Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Француски ракометари