ЕВН Македонија — македонско акционерско друштво кое претставува групација на одделни компании во областите на дистрибуција, производство и трговија на електрична енергија.
Историја Како дел од процесите за воведување на современи одредби од областа на енергетиката, државната компанија АД Електростопанство на Македонија (ЕСМ) во 2005 година била поделена на три одделни компании кои ги покриваат трите основни области во полето на пазарот со електрична енергија: пренос: Македонски електропреносен систем оператор (МЕПСО) како оператор на електропреносниот систем производство: Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) како компанија за производство на електрична енергија. Компанијата била преименувана во 2019 година во по промената на името во Северна Македонија. дистрибуција и снабдување : ЕСМ АД, подоцна продадена во 2006 на австриската ЕВН Групација и преименувана во EВН Македонија. Покрај дистрибуција и снабдување, компанијата го има преземено управувањето со наследените производствени капацитети поврзани на дистрибутивната мрежа.
Со понатамошното воведувањето на европските регулативи од областа на енергетиката како дел од процесот на евроинтеграција на државата, компанијата има прераснато во групација на одделни компании поединечно насочени во пазарно регулираните области.
Групацијата е составена од следните копмании: Електродистрибуција — оператор на дистрибутивната мрежа ЕВН Хоме — универзален снабдувач и снабдувач во краен случај ЕВН Снабдување — снабдувач на електрична енергија на слободниот пазар ЕВН Електрани — производител на електрична енергија
Организација и управување Електродистрибуција
Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија која управува со дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Македонија.
ЕВН Хоме ЕВН Снабдување ЕВН Електрани
EВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје (кратенка: ЕВН Електрани) е компанија за производство на електрична енергија, дел од групата компании што ја сочинуваат ЕВН Македонија АД. Оваа компанија управува со 11 мали хидроцентрали, кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, додека просечното годишно производство изнесува 140 GWh. Ваквото производство на годишно ниво обезбедува електрична енергија за околу 20.000 домаќинства. Во 2010 година овие електрани оствариле рекордно производство од 218 GWh.
Малите хидроцентрали во сопственост на ЕВН се: ХЕ „Матка“, ХЕЦ „Пена“, ХЕЦ „Попова Шапка“, ХЕЦ „Бабуна“, ХЕЦ „Песочани“, ХЕЦ „Белица“, ХЕЦ „Сапунчица“, ХЕЦ Калиманци, ХЕЦ „Зрновци“, ХЕЦ Турија и ХЕЦ „Дошница“.
+ХидроцентралаИнсталирана моќност (MW)Просечно годишно производство (GWh)Матка9,630Пена3,313Попова Шапка4,820Бабуна0,721,2Песочани2,912Белица0,251Сапунчица2,911,5Калиманци13,826Зрновци1,64,5Турија21,2Дошница5,118
Активности
Општествена одговорност Во 2020 година, ЕВН Македонија ја започнала програмата „Лост“ за стипендирање на студенти од сиромашни семејства, кои студираат електроенергетика на некој од македонските универзитети.Мирослав Саздовски, ЕВН Македонија со нов проект „Лост“ за стипендирање студенти, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 7.
Наводи
Категорија:Акционерски друштва во Македонија Категорија:Енергетски претпријатија