Шумнати Рид — археолошко наоѓалиште во штипското село Брест. Претставува викус од доцноантичко време. На 1км северозападно од селото и десно од селскиот пат има блага падина со површина од 2 хектара на која се среќаваат градежен камен, парчиња од тули, тегули и керамички садови работени на колце, со црвена и сива боја. Биле најдени и два питоса кои се чуваат кај В. Митков и М. Јорданов од истото село.
Поврзано
Брест; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи