1189 Банот Кулин во својата Повелба ги дефинира границите на Босна помеѓу Сава, Дрина и Уна. 1289 Основана е Инквизицијата, суд на католичката црква за заштита на верата. 1521 Турците го освоиле денешен Белград. 1526 Турците под водство на Сулејман Величествениот ги победиле Чешко-Унгарско-Хрватските сили на Мохачко поле. 1541 Турците го освоиле Будим, денес дел од Будимпешта. 1782 Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот. 1831 Мајкл Фарадеј ја открил електромагнетната индукција. 1842 Со склучувањето мир во Нанѓинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на западните држави. 1885 Готлиб Дајмлер го патентирал првиот мотоцикл. 1898 Основано е претпријатието „Гудјиар“. 1949 СССР го извршил првото тестирање на атомска бомба на полигон во Казахстан. 1995 НАТО ја започнал кампањата „Решителна сила“ против босанските Срби. 2005 Ураганот Катрина уништил поголем дел од крајбрежјето на САД во Мексиканскиот Залив од Луизијана до Флорида, убивајќи над 1.836 луѓе и предизвикувајќи штета од над 115 милијарди долари. 2011 Јошихико Нода е избран за премиер на Јапонија.
29 август