Балот кај Мулен де ла Галет (попозната и како Танцувањето кај Мулен де ла Галет ) ― слика, масло на платно од 1876 година од францускиот уметник Пјер Огист Реноар. Денес се наоѓа во Музеј Орсе во Париз и една е од најпознатите ремек-дела на импресионизмот. Создадена е само две години после првата изложба на импресионистите. Сликата прв пат е претставена на третата изложба на импресионистите 1877 година и се истакнала као сликарска поема на среќата и благосостојбата.LE MOULIN DE LA GALETTE Опис На неа се прикажани танчерите облеани сосветлината на попладневното сонце во дворот пред Мулин де ла Галет во Париз на Монмартр. На ова место за танцување најчесто во саботата попладне кога времето било убаво, се собирале најчесто помлади луѓе, припадници на средната класа. Во сликата владее атмосферата на идиличното летно попладне, во кое сонцето низ гранките, но и запалени ламби, ги осветлува танчерите. Стил Сликата е внимателно надоградувана и композициски и стилски со инсистирање на доловување на севкупниот впечаток на светлината,како и поетиката која е во слава на животот, во слава на урбаната социјализација и неотуѓеност.

Боите, начинот на поставување и градација на копозицијата, линиската колористичка ритмика како и чувството на светлосно треперење, всушност го претставуваат импресионизмот во целосна авторска ликовна ангажираност и естетска верба.l’Œuvre à la loupe Влијание Иако сликата се појавува дури на третата изложба на импресионистите, таа според слободата на изразот, неверојатното чувство за светлината и избраниот чист, скоро лежерно пастелен и лебдечки колорит, ќе биде уште поголемо ослободување на импресионистите како и патоказ кон понатамошниот творечки ангажман на ликовните уметници кои во природата ќе ја пронајдат севкупната инспирација и хармонија на човечот со севкупното опкружување. Таа е и своевиден вовед во идниот постимпресионизам. се е во слава на животот и природата, како своевидна последна песна пред големите ужаси кои понатаму, особено од почетокот на дваесеттиот век ќе ја раздрма севкупната цивилизациска оставнина на човештвото. Наводи

Надворешни врски Dance at Le Moulin de la Galette, 1876, Auguste Renoir, Google Art Project, www.googleartproject.com Пьер Огюст Ренуар — Бал в Мулен де ла Галетт, impressionism.su

Категорија:Слики од Пјер Огист Реноар Категорија:Слики од збирката на Музејот Орсе Категорија:Импресионистички слики