мини|Каменогорск во 2014 година Каменогорск (), до 1948 година Антреја () е град во северозападниот дел на Европска Русија. Сместен е во северозападниот дел на Ленинградската област, во областа на Виброшкиот реон .
Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 6 781 жител.
Географија Градот Каменогорск се наоѓа на левиот брег на реката Вуокса, на север од Карелискиот теснец и административно припаѓа на Виборгшкиот реон во Ленинградската област. Сместен е на околу 170 километри северозападно од Санкт Петербург, или околу 44 километри североисточно од реонското седиште, градот Виборг . Центарот на градот лежи на надморска височина од 20 m. Територијата на градот се протега во тесен појас долж левиот брег на реката Вуокса, со должина од скоро 10 километри, а единствениот дел од градот што е физички одделен од остатокот од населбата е населбата Гранитни, која се наоѓа на мал полуостров опкружен од три страни со реката Вуокса.
Историја Во пишани извори, денешниот Каменогорск за првпат се споменува во 1597 година како мала населба во лутеранската црковна општина Свети Андреја која била под покровителство на шведската црква. Во врска со тоа, самата населба првично била наречена Свети Андреј ( )
По завршувањето на Финската војна (1808–1809) помеѓу Шведска и Русија, Шведска ја загубила Финска, а со тоа и населбата Свети Андреј станува дел од Руската Империја. Од тој момент, населбата започнала да го носи финското име Антреа.
Во 1948 година во согласност со законот за русификација на топонимијата на подрачјето на поранешниот фински Карелиски теснец, градот Антре најпрвин е преименуван во Гранитни, потоа во Првомајск и на крајот во Каменогорск.
Демографија Според податоците од пописот во 2010 година, во градот живееле 6 739 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година, градот имал 6 781 жител. + Движење на бројот на жителите1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2015 година --- 3 0253 7454 0545 6946 0846 7396 781
Партнерски градови Градот Каменогорск има потпишано договори за партнерство и соработка со следниве градови:
Куопио, Финска Силинјерви, Финска
Поврзано
Ленинградски регион Виборшки реон Карелискиот теснец Список на градови во Русија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Ленинградската област Категорија:Преименувани населени места во Русија