Мал зеленикав белец (Pontia chloridice) — пеперутка од видот на пеперутки белци. Пеперутката живее и во Македонија.

Опис Оваа е мала пеперутка која живее од Источна Европа па сè до Кореја. Мажјакот и женската се скоро исто, а се разликуваат само по одредени детали. Женката е претежно поголема и со потемни нијанси на боите. Горната страна на пеперутката е бела со црни дамки кон врвовите и рабовите на крилјата. Телото и антените се црни. Долната страна на пеперугите ги има скоро истите шари како и горната, но бојата не е црна туку зеленкаста. Женката има плус една црна дамка...

Наводи

Поврзано Пеперутки во Македонија

Надворешни врски Пеперутки во Европа

Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Белци (пеперутки)