Александар Јурјевиќ Домогаров (јазик Алекса́ндр Ю́рьевич Домога́ров) Москва, 12 јули 1963) е советски и руски филмски и театарски глумец, телевизиски водител, изведувач на шансони и народен глумец на Русија (2007).Указ Президента Российской Федерации В. Путина № 456 от 9 апреля 2007 года «О награждении государственными наградами Российской Федерации». Официальный сайт Президента Российской Федерации // kremlin.ru

Животопис

Роден е на 12 јули 1963 година во Москва. После завршетокот на основното и средното образование, се запишал Виша театарска школа М.С Шепкин во 1984 година. Во периодот од 1984 до 1985 година играл во Малиот театар во Москва, а од 1985 година преминал во Театар на руската армија, каде останал сè до 1995 година. Од 1995 година започнува да глуми во театарот МосоветАлександр Домогаров. Народный артист РФ. Краткая биография, роли в театре, фотоальбом, пресса. Официальный сайт Государственного академического театра имени Моссовета // mossoveta.ru и на таа сцена го играл Марат во театарската претстава Мојот сиромашен Марат, Сирано во претставата Сирано де Бержерак , докторот Џекил и господинот Хајда во руската верзии на мјузиклот Џекил и Хајд, каде го покажал својот талент за пеење, изведувајќи ги тешките вокални делови во претставата. Го играл и Астров во претставата Вујко Вања, Бершиниан во претставата Трите сестри, Гајев во претставата Вишњик и во многу други.

Покрај работата во театарот „Мосовет“, тој глумел и во многу други претстави во други театри, вклучително и во Московскиот драмски театар и во Краковскиот театар, каде својата улога ја поставил на полски јазик.

Дебитирал за филм во 1984 година, кога добил улога во филмот „Наследство“, во режија на Георгиј Натансон. Првата важна улога ја играл во ТВ филмот „Пирати 3“, каде ја играл улогата на Павел Горин, 1992 година. После улогата во историската телевизиска серија „Грофица Монсоро“ 1997 година, тој ја играл главната улога на грофот и привлекол поголемо внимание на јавноста. После тоа, тој играл во телевизиските серии „Турски марш“ (2000-2007) и „Гангстерите од Санкт Петербург“ (2000-2003).

Надвор од Русија првпат глумел во полската ТВ серија „ Со оган и меч“ (1999), во режија на Јержи Хофман, каде Домогаров ја играл улогата на полковникот Јурко Бохун. Покрај тоа, во Полска тој исто така глумел во ТВ серијата „Криминален бран“ (2003-2008), во филмовите „Една јунска ноќ“ во режија на Анджеј Вајда и во „Битката кај Варшава“, 2011 година, во режија на Јержи Хофман. Во Шведска, тој имал улога во филмот „Офицери“, 2001 година.

Неговиот личен живот е опишан во филмот „Исповед за осамениот човек“ на Александар Домогаров, кој премиерно бил прикажан на 17 март 2012 година.Александр Домогаров. Исповедь одинокого мужчины

Семејство

Неговиот дедо од татковата страна бил поморски официр во Привремена влада на Русија и му помогнал на Александар Керенски да побегне од Зимскиот дворец во Санкт Петербург.Покорителю женщин — 50 | ГраниТаткото на Александар Јуриј Домагов (1915—1991)Домогаров Александр Юрьевич. Народный артист Российской Федерации. Биография. Международный объединенный биографический центр // biograph.ru бил филмски и театарски глумец и војник на СССР, кој е повеќекратно наградуван.Александр Домогаров. Мой фотоальбом. Детство. // domogarov.ru Мајката на Александар била Наталија Петровна Домагова (21 август 1928 — јуни 2002 година)Александр Домогаров. Биография, фильмография актёра. // kinofilms.com.ua), а постариот брат Андреј Домогаров (7 јули 1953) завршил Московски државен патнички и технички универзитет, каде предавал како професор.

Од бракот со Наталија Едуардовна Домогарова имал син Димитриј Александрович Домогаров (7 јануари 1985 — 7 јуни 2008), кој погинал во сообраќајна незгода.

Со другата сопруга Ирина Аљтоневна Домогарова во 1989 година, добил син Александр Александрович Домогаров, кој и ден денес се занимава со глума.По завршувањето на вториот брак, Александар се оженил со Наталија Валеревна Громушкин, која исто така се занимава со глума. Четвртата сопруга му била Марина Андрејевна Александровна, Народна глумица на Русија, со која Александар бил во брак во периодот од 2005—2007 година.

Театарски улоги

Театар на руска армија

Дама со Камелии — Арман Дивал Дрвјата умираат стоејќи — директор Макабет — Макбуф На умирачкото место — Миливидов Моја професија — Викторио Павел I — Александар

Театар Багатела

Макбет — Магбет од Шкотска

Отворен московски театар

Машка сезона — Арсениј

Театар Мосовета

Мојот сиромашен Марат — Марат Скитници во бегство — Димитрие Тој приде — Џералд Крофт Добар другар — Жорж Сирано де Бержерак — Сирано де Бержерак Чудна приказна на докторот Џекил и господинот Хајд — доктор Џекил Вујко Вања — Миахил Астров Трите сестри — Александар Игњатијевиќ Вишњевиот гај — Леондид Андрејевиќ Гаев

Филмографија

Година Филм Улога Напомена 1984 Наследство Слава 1985 Голема неволја Антон 1986 Михаил Ломоносов Александар Сумароков мини серија 1987 Асса Александар I Павлович 1988 Мојот сопруг и ќерка ми Тамара ученик Феди 1989 Посета на дама Кови тв филм 1990 Направи еднаш Гоша 1991 Крв за крв Бубус 1992 Пирати III Павел Горин 1993 Ако сакаш да знаеш Васили Солени, офоцир 1993 Одмазда на шверцер 1994 Крст на милосрдие Андреј тв серија 1996-97 Кралица Марго Буси ТВ серија 1997 Грофица Монсоро Буси тв серија 1996 Бел танц Никита, успешен стопанственик 1999 Со оган и меч Јурко Бохун 1999 Na koniec swiata Виктор 2000 Dykaren Виктор 2000 Игра на летење Николај 2000 Царство на удар Георгије Гапон тв серија 2000-01 Гангстери на Петербург Андреј Серегин мини серија 2001 Турски марш Александар Турески тв филм 2002 Јас сум кукла Виктор 2003 Зошто имаш алиби? Игор тв филм 2003 Идиоти Евегеније Радмоски тв серија 2004 Uzkiy most Гладијев мини серија 2004 Меден месец Андреј мини серија 2004-05 Криминален бран Сергеј – шефот на мафија тв серија 2005 Tyomny Instinct тв серија 2005 Губиток на Сонцето Антон мини серија 2005 Жена нобеловец Олег Ермарков тв серија 2005 Звезда на епоха Константин Симонов, песник мини серија 2006 Сатисфакција Александар Шуленин мини серија 2006 Горфот на Црна Гора Михаил Милорадовиќ, гроф 2006 Вукодав од родот Сив Пес Варварин Људодјеј 2007 Инди Арсени 2007 Сјај Миша Клименко 2008 Бела ноќ, слатка ноќ стопанственик Павел Власов 2009 Цар Алексеј Басманов 2009 Ако тоа е нашата судбина Александар Власов, познат уметник тв серија 2010 Легенда за летечкиот Кипран Валент 2010 Постарија сопруга Макс 2011 На сончевата страна на улицата Јуриј Кондрачевиќ тв серија 2011 Достојевски Александар Исајев мини серија 2011 Варшавска војна Крушкин 2011 Тајните на револуционарот на палатата Линар тв серија 2012 Зоннентау Харалд Сомерсет тв серија 2012 Марина роша Трошин тв серија 2012 Лицето на другиот Ставински тв серија 2012-13 Крв за крв Антон тв серија 2013 Викенд савршени Иван 2013 Убиј го Сталин Иван Бережнаја Mini-series 2014 Марина роша 2 Трошин тв серија 2015 Пенсилванија 2017 Голем

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Руски глумци Категорија:Руски пејачи Категорија:Луѓе од Москва Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Народни артисти на Руската Федерација