Јелабуга ( , тат. ) е град во Русија во Република Татарстан. Сместена е на десниот брег на реката Кама, на устието на реките Тојма и Кама. Според пописот во 2010 година, во градот живееле 70 750 жители. мини|Спаската црква во Јелабуга Центар е на Јелабушката област од 1930 година. Од Казањ е оддалечен 215 км. мини|Грб на Јелабуга
Историја лево|мини|250x250пкс| Ѓаволската кула Основана е во втората половина на XVI век, како гранична тврдина на Волгошка Бугарија. Урнатините на таа тврдина се зачувани до денес - Чёртово городище / (читај :, во превод: „Ѓаволска градба“).
Добила статус на град во 1780 година.
Култура Во Jeлабуга, има педагошки институт (Јелабушки државен педагошки институт), медицински и културно-образовни училишта, средно специјално полициско училиште, како и 14 други средни училишта. мини|Улица Казанскаја Меѓу културните знаменитости, се наоѓаат музејот на Иван Шишкин, музеј-селскиот имот на Надежда Дурова и музејот на Марина Цветаева .
Индустрија Од индустријата, во Јелабуга се производство на нафта („Прикамнефт“), фабрики за автомобили (ЈелАЗ), ковиноарматури, железнобетонски конструкции, цигли, фабрики за училиштен мебел, компании за лесни (конфекција) и прехранбени индустрии (конзервирање месо, млечен комбинат, пекарница, пиварници). мини|Улица Гассара Население Според прелиминарните податоци од пописот, во градот живееле 70 750 жители во 2010 година, 2 087 (3,04%) повеќе отколку во 2002 година. + Движење на бројот на жителите1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година14 96321 99231 72835 57453 53768 66370 728
Партнерски градови
Сафранболу Алексин Берјозовски Вајлхајм у Горна Баварија
Познати граѓани на Јелабуга
Иван Шишкин (1832-1898), руски сликар Надежда Дурова (1783-1866), учесник во руската татковинска војна од 1812 година, „ девојка коњаница“ Марина Цветаева (1892—1941), руска поетеса, ги поминала последните денови во избелиштво тука Леонид Говоров (1897-1955), маршал на Советскиот Сојуз, одел тука на училиште од 1909 до 1916 година. мини|Местото каде Тојма се влева во Кама Поврзано
Список на градови во Русија
Користена литература
Надворешни врски
Официјална страница на градот Јелабуга
Категорија:Градови во Татарстан