Вилијам Блејк (; — ) — англиски поет, визионер, сликар и бакрорезец. Сосема непознато во текот на неговиот живот, делото на Блејк денес се смета за единствено, оригинално и особено значајно во историјата на поезијата и ликовната уметностРаде Силјан, Прилози за наставата по литература, Матица Македонска, Скопје, 2001, стр. 113-115.. Според анкетата направена од страна на Би-би-си во 2002 година, Блејк е прогласен за 38. најголем Британец во историјата.
Според Нортроп Фрај, кој е еден од најзначајните истражувачи на целокупниот поетски опус на Блејк, неговите пророчки книги се „обратнопропорционално на нивното значење, најнечитаните дела во историјата на англиската книжевност“. Многу ја имаат величано Блејковата оригинална работа во рамките на ликовната уметност и барем еден критичар има речено дека Блејк е „убедливо најголемиот сликар што го има дадено Британија“. Долго време сметан за несекојдневен лудак, поради неговите идиосинкратични и ексцентрични идеи, денес Блејк се цени поради неговата експресивност и креативност, како и поради филозофската визија која го дефинира целокупното негово дело. Како што и самиот еднаш има речено, „Фантазијата не е Состојба: тоа е самото човеково постоење“.
Без разлика на тоа што денес неговата ликовна уметност и поезија се разгледуваат одделно, Блејк најчесто двете ги поврзува во една целина, формирајќи еден прекрасен склоп кој истовремено им се противи и ги надминува сите конвенции. Иако целиот живот верува во својата способност да зборува со библиските пророци, и и покрај неговата работа во однос на илустрирањето на „Книгата на Јов“, Блејковата несомнена приврзаност кон Библијата е постојано придружена со анимозитет спрема востановената црква, а самите негови верувања се обликувани преку неговата фасцинација со мистицизмот, кој пак ќе биде еден од столбовите на новороденото романтичарско книжевно движење. Конечно, неможноста да се смести Блејк во ниту една хронолошки одредена фаза од развитокот на уметноста, е можеби одликата која најлесно го дефинира.
Младост
Вилијам Блејк е роден на улицата 28А Броуд во Лондон, Англија, на 28 ноември 1757, во семејство од граѓански сталеж. Тој е трет во низата од седум деца, која се состои од едно девојче и шест момчиња, од кои две умираат уште додека се мали. Таткото на Блејк, Џејмс, бил трговец со чорапи. Блејк никогаш не одел на училиште и бил образован од неговата мајка. Блејкови биле дисиденти и се верува дека биле приврзаници на Моравската црква, движење кое тврдело дека Библијата е единствениот извор на религиски закони. Библијата било рано и длабоко влијание врз Блејк и ќе остане главен инспиративен извор за него до крајот на неговиот живот.
Тој започнува да гравира копии на слики со потекло од Стара Грција, антиквитети кои како подарок ги добива од својот татко (еден доказ за поддршката што Блејк ја добивал од своите родители), вежба која тогаш била повеќе практикувана од самото сликање. Токму во овие слики, Блејк за првпат ќе биде изложен на класично влијание, и тоа преку делата на Рафаел, Микеланџело, Мартен Хемскерк и Албрехт Дирер. Неговите родители, запознаени со неговиот чуден темперамент во чие градење упорноста имала врвно влијание, нема да го пуштат да оди на училиште и ќе го запишат на часови по сликање. Страсно чита книги по свој избор. Во текот на овој период, Блејк, исто така, прави и свои истражувања во рамките на поезијата; неговата рана работа покажува запознаеност со творештвото на Бен Џонсон и Едмунд Спенсер.
Учење кај Базир На 4 август 1772, Блејк станува ученик на граверот Џејмс Базир во договорен рок од седум години. На крајот од овој период, на возраст од 21 година, Блејк требало да стане професионален гравер. Не постојат записи за какво и да било несогласување меѓу двајцата во периодот додека Блејк е Базиров ученик. Сепак, биографијата на Петер Ајкројд вели дека Блејк го додал името на Базир на својата список на уметнички соперници, а потоа и го прецртал.Петер Ајкројд, Блејк, Синклер Стивенсон, 1995, стр. 43. Дури и ако го исклучиме ова, факт е дека Базировиот граверски стил се одликувал со старомодност, поради што и Блејк никогаш нема да успее да се здобие со слава дури ниту во рамките на овој уметнички жанр.
По две години, Базир му дава задача на Блејк да направи копии од сликите на готските цркви во Лондон (можно е Базир да го направил ова со цел да ја смири напнатата атмосфера која владеела меѓу Блејк и Џејмс Паркер, неговиот друг ученик); токму ова искуство, особено среќавањето со Вестминстерската Опатија помогнало во формирањето на неговиот уметнички стил и визија; опатијата во негово време била украсена со оружје, насликани погребни портрети и различно обоени восочни фигури. Ајкројд забележува дека „првата импресија што би ја имал Блејк најверојатно би била избледено светло и боја“.Петер Ајкројд, Блејк, Синклер Стивенсон, 1995, стр. 44. Во долгите попладневни часови Блејк правел скици на опатијата и повремено бил прекинуван во неговата работа од страна на учениците во Вестминстерската Школа.
Кралската академија
thumb|left|180п|Архетипот на Создавачот е многу чест мотив во Блејковите слики. Овде, Блејк ја претставува неговата демиуршка фигура Јурајзен како клекнат се моли и размислува за светот што го создал. Песната за Лос е трета во серијата на илуминирани книги насликани од Блејк и неговата жена, заедно познати под името Континентални Пророштва.
Во 1778 година, Блејк станува студент на Кралската академија сместена во близина на Стренд. Без разлика на тоа што учел без парично да партиципира, се очекувало од него сам да го купува целиот образовен материјал во текот на шестгодишното школување. Таму, тој го почнува својот гласен бунт кон, како што тој го нарекува, недооформениот стил на популарните сликари од типот на Рубенс, па сè до самиот претседател на Академијата — Џошуа Рејнолдс. Со време, почнува потполно да го презира Рејнолдсовото сфаќање за уметноста, особено неговата потрага по „општата вистина“ и „општата убавина“. Рејнолдс ќе напише во своите Дијалози дека „наклоноста кон апстрахирање, кон генерализирање и класификација е израз на најголемиот сјај на човековиот ум“; Блејк на ова одговара, на самите маргини на неговата лична копија од Дијалозите, дека „да се Генерализира значи да се биде Идиот; Поединостите се Единствената Разлика во вредноста“. Блејк исто така ја мразел и Рејнолдсовата понизност која ја сметал за лицемерна. За разлика од Рејнолдсовите модерни маслени слики, Блејк повеќе ја сакал класицистичката прецизност во делата на неговите рани влијанија и големи ренесансни мајстори Микеланџело и Рафаел.
Во јуни 1780 година, додека Блејк одел кон Базировата продавница на Great Queen Street бил практично собран од разулавена толпа која се движела кон затворот Њугејт во Лондон. Многу луѓе во толпата носеле сини траки на своите капи, обидувајќи се симболично да ја прикажат солидарноста со побунетите американски колонии. Со помош на лопати и мотики, толпата ја нападнала затворската капија, ја запалила зградата и ги пуштила затворениците. Блејк, како што тврдат одредени извори, бил во предните редови на толпата; најголемиот дел од неговите биографи мислат дека тој импулсивно ја следел толпата.
Овие немири, започнати како одговор на парламентарниот акт да се кренат санкциите против римокатоличката црква, подоцна ќе станат забележани како т.н. Гордонови немири; тие ќе испровоцираат низа законодавни мерки преземени од страна на владата на чело со Џорџ III, а исто така и ќе бидат и главна причина за формирањето на првите полициски сили во светот воопшто.
Брак и рана кариера Во 1782 година, Блејк го запознал Џон Флексмен, кој ќе стане негов патрон, и Катерина Буше, која наскоро ќе стане негова жена. Во тој период, Блејк се опоравувал од една врска која кулминирала со одбивање на неговата понуда за брак. Откако ја раскажал својата приказна пред Катерина и нејзините родители, таа покажала одредена симпатија спрема Блејк, по што тој ја запрашал, "Дали ме сожалуваш?" Кога Катерина одговорила потврдно, Блејк изустил "Тогаш, те љубам". Блејк се венча со пет години помладата Катерина на 18 август 1782 во Батерси. Бидејќи била неписмена, Катерина се потпишала на свадбениот договор со 'X'. Подоцна, додека ја учел Катерина да чита и пишува, Блејк ја поучувал и во областа на гравирањето; во текот на неговиот живот, таа ќе се покаже од голема помош за него, помагајќи му при гравирањето на неговите илуминирани дела и успевајќи да ја одржи силата на неговиот дух во текот на целиот негов живот.
Во овој период Џорџ Камберленд, еден од основачите на Лондонската Национална Галерија почнал да станува обожавател на Блејк. Првата збирка песни на Блејк, Поетски скици, е издадена во 1783 година. Една година подоцна, по смртта на неговиот татко, Вилијам и неговиот брат Роберт отвораат печатница и започнуваат да работат со радикалниот издавач Џозеф Џонсон. Куќата на Џонсон била место каде се собирале дел од нејголемите интелектуални дисидентски умови на Англија: Џозеф Присли, научник; Ричард Прајс, филозоф; Хенри Фузели, уметник Биографии на Блејк и Фузели, откриени на 31 мај 2007.; Мери Волстонкрафт, рана феминистка, мајка на подоцнежната сопруга на Перси Шели; како и Томас Пајн, американски револуционер. Исто како и Вилијам Вордсворт и Вилијам Годвин, Блејк полагал голема надеж во американската и Француската револуција и носел црвено капче во знак на солидарност со француските револуционери; сепак, подоцна, со доаѓањето на Робеспјер на власт и почетокот на таканаречената Власт на Ужасот, тој потполно ќе се разочара од нејзиниот неуспех.
Блејк ги илустрира Вистинските приказни од реалниот живот (1788; 1791) на Мери Волстонкрафт. Тој, со Волстонкрафт дели неколку слични размислувања во областа на еднаквоста меѓу половите и институцијата брак, но не може безусловно да се тврди дека овие двајца се запознале. Во 1793 година, во своето дело Визии на Ќерките на Албион, Блејк ќе ја осуди суровата апсурдност на присилената невиност и бракот без љубов и ќе застане на страната на жените, бранејќи го нивното право да дојдат до самореализација.
Релјефно гравирање
thumb|left|220п|Блејковиот "Њутн" е демонстрација на неговиот отпор против "еднодимензионалната визија" на научниот материјализам: големиот филозоф-научник е изолиран во длабочината на океанот, неговите очи (од кои само едното е видливо) се фиксираат врз шестарот со кои црта на еден свиток. Њутн изгледа сосема сраснат со камењата на кои седи (1795).
Во 1788, на возраст од 31 година, Блејк почнува да експериментира со релјефно гравирање, метод што сам ќе го измисли и ќе го користи при создавањето на неговите книги, слики, памфлети и секако, поеми, вклучувајќи ги и неговите пророштва и неговото ремек-дело "Библијата". Процесот уште се нарекува и илуминирано гравирање, при што, како конечен производ се добиваат илуминираните книги. Илуминираното гравирање означува еден процес во кој, на бакарни плочки, се внесува текст со помош на медиум отпорен на киселина. Илустрациите можеле да се појавуваат отстрана, нешто слично како раните илуминирани ракописи. Потоа Блејк ги ставал плочите во киселина, со цел да се раствори непотребниот бакар и записот да остане во релјеф (оттука потекнува и името). Ова е процес обратен од нормалните начини на гравирање, каде линиите на дизајнот се изложени на киселина, а самата плочка се печати по интаљио методот. Релјефното гравирање подоцна станува важен комерцијален метод на печатење. Во случајот со Блејк, сѐ уште не е сосема јасен целокупниот принцип. Се смета дека откако тој ќе ја создадел релјефната слика со текстот, рачно го боел остатокот од сликата со водени бои. Најголем дел од неговите книги ја користат оваа синтеза на двете уметности - Песни на невиноста и искуството, Книгата на Тел, Свадбата на Рајот и Пеколот и Ерусалим. Треба да се спомене и тоа дека Блејк никогаш не тврдел дека овој метод е плод на негово лично размислување: велел дека на овој начин на печатење бил поучен од духот на неговиот брат Роберт кој починал во февруари 1787 година.