Дедовец — археолошко наоѓалиште во околината на гевгелиското село Габрово. Претставува рударска населба од римското време.

На 2 км јужно од селото, лево од патот за Висока Чука, во нивата на Л. Ристов се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и градежен камен. Наодите од згура на топена руда упатуваат на помала рударска населба.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 102, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Аузо — населба од римско време; Градиште — градиште од средниот век; Кочиње — населба од доцнантичко време; Лалово Трло — населба од доцнантичко време; Селиште — населба од римско време; Стојков Рид — некропола од доцнантичко време; Студенка — населба од доцнантичко време; Габрово.

Наводи

Категорија:Габрово (Гевгелиско)