мини|Пире од компири Пире – јадење подготвено од варен или сиров зеленчук или овошје. Поимот особено се однесува на пире од компири.
Во Македонија покрај пирето од компири најпознати се доматното пире и десертот костен-пире.
Подготовка Зеленчукот или овошјето, исчистено од кожата и семките, се дроби со виљушка, се пасира со преса или се миксира. На добиената смеса се додаваат одредени состојки за подобрување на вкусот (млеко, путер...) и зачини.
Подготвеното пире може да биде гарнир со некое главно јадење, но и етапа во подготовка на некој рецепт.
Етимологија Зборот пире е заемка од францускиот збор purée што значи „очистено“.
Поврзано Пире од компири Доматно пире Костен-пире
Наводи
Категорија:Готвење Категорија:Галицизми