Саваи (самоански: Savaii) е остров во Самоа. Со своите 1694 км2, Саваи е најголем остров остров во Самоа и Самоанските Острови. Врвот Силисили е највисока планина во островите со надморска висина од 1858 метри. Саваи е шести најголем остров во Полинезија.

Саваи е дом на 43.142 жители, податоци согласно последниот попис од 2006 година, односно на островот живее 24% од населението на Самоа. На островот има повеќе населени места, но единственото гратче е Салелолога, кое воедно е траектен терминал. Ова гратче е главната точка за влез на островот и се наоѓа во источниот дел на островот. Сите населени места се поврзани со регонален пат и се опслужуваат со редовни локални автобуски линии.

Саваи е составен од шест окрузи, на самоански наречени утумало (itūmālō). Секој округ е составен од села кои се традиционално поврзани меѓу себе.

Географија Саваи се наоѓа северозападно од островот Уполу. Овие два острова се одделени од протокот Аполима, кој пак е широк 13 километри. Во самиот проток се наоѓаат двата мали острова Маноно и Аполима. Саваи е со вулканско потекло и планините се прекриени со густа шума. Островот има плодни рамнини со бројни реки и потоци.

Климата на Саваи е тропска со значително влијание од океанот. Често се забележуваат високи температури со значителна влажност на воздухот. Дождливата сезона е од ноември до април.

Саваи е најголем штитест вулкан во Јужниот Тихи Океан и само 3% е над вода. Вулканот е актувен и последната ерупција е забележана во периодот од 1905 до 1911 кога биле уништени села во северниот дел на централното плато.

Транспорт Салелолога е главното пристаниште и единственото гратче на островот. Гратчето се наоѓа во источниот дел на островот каде се наоѓа и главниот траектен пункт на островот. Од едниот до другиот остров се пристигнува за од прилика 90 минути. Траектот оперира само преку ден.

Островот, поточно секое населено место на островот е поврзан со пат кој е во одлична состојба. Со нормално возење островот се заобиколува за околу 3 часа. Патот поминува покрај брегот каде се наоѓаат населените места. Во Самоа се вози на лево. Самоа е единствената држава во 21 век која преминала од десно кон лево возење.

На островот се наоѓа аеродромот Маота, кој има мала писта и основни објекти. Аеродромот се наоѓа на 10 минути јужно од Салелолога. Летовите од едниот до другиот остров се околу 30 минути.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Саваи Самоанска Туристичка Асоцијација

*