Маноно (самоански: Manono) е остров во Самоа. Островот се наоѓа во протокот Аполима, помеѓу островите Саваи и Уполу. Островот се наоѓа на 3,4 км северозападно од Уполу. На островот има само 4 села со вкупно население од 889 жители според пописот од 2006 година. Со брод од Уполу се стига за 20 минути. Во непосредна близина се островчињара Аполима и Нулопа.

Островот е дел од округот Аига-и-ле-Таи.

Население Островот има 889 жители според пописот од 2006 година, распроредени во 4 села: Апаи, запад (111) Фалеу, југ (354) Лепуиаи, југозапад (223) Салуа, север (201)

Островот е трет по број на жители во државата. На островот нема патишта и сообраќај. Поради еколошки причини кучиња и коњи се забранети на островот. Во 1800-те години, Маноно бил упориште на методистичката црква во Самоа. На 21 септември 1859 година било одлучено да се создаде центар во Уполу, што пак денес резултира со Теолошкиот колеџ Пиула.

Галерија

Поврзано Уполу Самоа

Наводи

Категорија:Острови на Самоа