Букурешки договор (1918) – мировен договор меѓу Романија и спротивставените Централни сили по застојот фронтот во 1917 година. Романија останала изолирана по руското еднострано излегување од Првата светска војна (види Фокшанско примирје и Брест-литовски договор)

По ултиматумот на Централните сили објавен за време на средбата меѓу кралот Фердинанд I и Отокар Чернин, австроунгарскиот министер за надворешни работи, на 27 февруари (ст. ст. 14 февруари) на железничката станица во Ракачуни, кралот Фердинанд го свикал Крунскиот совер на 2 март (ст. ст. 17 февруари) во Јаш, романската престолнина во егзил. После долги и тешки дискусии, кои траеле 3 дена, и покрај силното спротивставување на кралицата Марија и генералот Константин Презан, Крунскиот совет решил да го прифати ултиматумот и да испрати претставници во Буфтеа да преговараат прелиминарен мировен договор. Прелиминарниот мировен договор бил склучен на 5 март 1918 година (ст. ст. 20 февруари), со кој Романија ги прифатила промените на границите во корист на Австроунгарија, да ја отстапи цела Добруџа, да демобилизира најмалку 8 дивизии, да ја напушти австроунгарската територија која сè уште ја поседувала и да им овозможи премин на трупите на Централните сили низ Западна Молдавија и Бесарабија кон Одеса.Nicolae Iorga, Acte privitoare la istoria marelui războiu, „Revista Istorică", Year XVIII, Issues 7-9, Bucharest, 1932

Александру Маргиломан, тогашниот премиер на Романија, го потпишал конечниот договор во палатата Котрочењ, Букурешт, на 7 мај 1918 година (ст. ст. 25 април) и истиот бил ратификуван од Комората на пратениците на 28 јуни и од Сенатот на Романија на 4 јули 1918 година. Меѓутоа, кралот Фердинанд одбил да го потпише или објави.

Наводи

Надворешни врски

Full text of the Treaty of Bucharest The Treaty of Bucharest on FirstWorldWar.com Territory which was ceded to the Austro-Hungarian Empire by Romania following the Treaty of Bucharest, 1918

Категорија:Договори од Првата светска војна Категорија:Договори склучени во 1918 Категорија:1918 во Романија Категорија:Романија во Првата светска војна Категорија:Австроунгарија во Првата светска војна Категорија:Мировни договори на Австрија Категорија:Мировни договори на Германија Категорија:Мировни договори на Романија Категорија:Мировни договори на Отоманското Царство Категорија:Договори со територијални промени Категорија:Договори на Германското Царство Категорија:Договори на Австроунгарија Категорија:Договири на Кралството Романија Категорија:Договори на Кралството Бугарија Категорија:Бугарија во Првата светска војна Категорија:Меѓународни договори за територијални промени