Гратчевски Водопад — водопад сместен на планината Осогово, по течението на Велика Река, на околу 1 км од езерото Гратче.
Настанок и опис Во 1958 година, на Велика Река била изградена помошна брана од камени блокови којашто имала за цел да го спречи наглиот проток на водата до месноста Рамна Скала, каде што се градела главната брана. Со надоаѓањето на гранки, камења и земја, помошната брана започнала да се полни со почва, па со тек на време се создал водопад. Водопадот е висок 12 м и е оддалечен околу 1 км од вливот на Велика Река во езерото Гратче.„Водопадите на езерото Градче“, Општина Кочани . Водопади Кочани.
Галерија
Поврзано Велика Река Гратче
Наводи
Надворешни врски
Водопадите на езерото Градче, Општина Кочани
Категорија:Водопади во Македонија Категорија:Осогово Категорија:Географија на Кочани Категорија:Долно Гратче