Васил Добрев е француски египтолог од бугарско потекло, кој работи од 1995 г. во Францускиот археолошки институт (IFАО) во Каиро.

Биографија Роден е на 30 јули 1961 г. во Пловдив. Во текот на 1992 г. ја одбранил докторската дисертација по египтологија на Сорбона под раководството на академик Жан Локлен.Индијана Џонс е од Пловдив Во 2004 г. предлага нова револуционерна теорија за потеклото на Големата Сфинга во Гиза, според која, сфингата не е поставена од фараонот Кефрен (како што се смета во класичната египтологија), туку од фараонот Џедефре во чест на татко му Куфу.

Од 2000 г. екипата на Васил Добрев спроведува истражувања на платото во Сакара на 30 км од Каиро, во потрага по гробницата на фараонот Усеркаре од 6-та династија, кој е познат и како „Исчезнатиот фараон“.

Наводи

Надворешни врски

Мила Вачева, „Египтологот д-р Васил Добрев го истражува првото политичко убиство“, во. „24 часови“, 1 мај 2013

Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Француски историчари Категорија:Родени на 30 јули Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Апсолвенти на Сорбона Категорија:Бугарски историчари