Редкино () е населено место со административен статус на мало гратче () на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместено е во југоисточниот дел на Тверската област и административно припаѓа на Конаковскиот реон. мини|Железничката станица Редкино Според проценките на Националната статистичка служба, во 2014 година во градот живееле 11 507 жители.

Географија Гратчето Редкино се наоѓа во југоисточниот дел на Тверската област во ниска и рамна површина на Горноволшката низина, околу 5 километри северно од Шошинскиот Залив на Ивањковско езеро на реката Волга. Гратчето се наоѓа на околу 39 километри југоисточно од обласниот центар на градот Твер, односно околу 130 километри северозападно од главниот град Москва .

Важна е железничката станица на железничката линија Москва-Санкт Петербург.

Историја лево|мини|149x149пкс| Грбот на Редикино Иако првото писмено споменување на селото Редкино датира од XVI век, населбата не се развила значително дури во 1843 година година кога низ тоа подрачје поминувала Николаевската железничката пруга, која ја поврзува Москва со Санкт Петербург. За време на 1890-ти години, во населбата почнало да се експлоатира тресет од блиското тресетиште Галицки Мох и наскоро била отворена фабрика за кокс. мини|Знаме на Редкино По изградбата на Ивањковската акумулација во 1936 година, еден дел од жителите на поплавените соседни населби се преселиле во Редкино, чиј број на население со тоа се зголемил на 4 000. Населбата во 1939 година добила статус на мало граче и во тоа време била дел од Завидовскиот реон во тогашната Калининска област.

Демографија Според податоците од пописот во 2010 година во гратчето живееле 11.286 жители, додека според проценките за 2014 година таму живееле 11.507 жители. Тоа е втора по големина населба во подрачјето на Конаковскиот реон, веднаш по градот Конаково. +1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година ---8.41812.23314.86413.44811.88711.28611.507* Белешка: * според проценките на Националната статистичка служба.

Економија Индустрија Населбата е забележлива како локација на голема хемиска експериментална фабрика. Новите хемиски процеси се тестираат најпрво на мали инсталации пред да бидат префрлени во големи постројки. Постои производство на кислород (со метод на компресија на воздух), водород (со електролиза на вода), меркаптан, итн. Една инсталација е производство на авијациски бензин од тресет мов. Ова е обид да се удвојат германските експерименти на крајот од Втората светска војна. Фабриката има голем асортиман на опрема за реактори од Јапонија кои се реактори со висок притисок за различни хемиски процеси. Поврзано

Тверска област Конаковскиот реон Список на градови во Русија Ивањковско Езеро

Користена литература

Надворешни врски

Напис за населбата на електронската енциклопедија за регионот Твер

Категорија:Населени места во Русија Категорија:Тверска област