Мостот Акинада (јапонски:安芸灘大橋, Акинада о-хаши) ― висечки мост во Куре, Хирошима, Јапонија, кој го преминува Сетското Внатрешно Море. Завршен во 1999 година, има главен распон од 750 м. Изграден е од компанијата „Penta-Ocean“, по цена од 50 милијарди јени.

Преглед Мостот бил отворен за сообраќај на 18 јануари 2000 година. Мостот е дел од патот 74 на префектурата Хирошима, пат кој започнува во Хоншу и преминува преку Сетското Внатрешно Море преку мостот Акинада до островот Шимо-камагари на југ. Мостот е управуван од страна на патната корпорација Префектура Хирошима. Тој е најдолгиот мост во Јапонија што е одржуван од една префектура.

Наводи

Надворешни врски

Слика на мост кај Penta-Ocean Construction Co.

Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Мостови во Јапонија