Лику ― едно од четиринаесетте села во Ниуе, сместено близу до најисточниот дел на островот. Лежи источно од главниот град Алофи, а неговото население на пописот во 2017 година било 98.
Географија Лику е поврзан со главниот град со пат што поминува низ средината на островот. Исто така е - заедно со Лакепа, шест километри на север и Хакупу, 10 километри на југ - едно од трите села на патот на источниот брег што ги поврзува Вајеа на југ со Муталау на северниот брег.
Управување Лику е една од четиринаесетте изборни единици во Ниуе, која избира еден претставник во Собранието на Ниуе. По општите избори во 2008 година, нејзин претставник бил Покотоа Сипели, кој служел како министер за пошта и телекомуникации, министер за земјоделство, шумарство и риболов и министер за административни услуги."Members of the Niue Fono Ekepule" , website of the Niuean government
Значајни жители
Нахега Молифаи Силимака
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Населени места во Ниуе