Српетово ( или Serpetova) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на околу 1,4 км западно од границата со Македонија која оди по реката Мирешница . Лежи јужно од Трбач и северно од Пасинки.
Во селото се познати низа топоними како Целина, Драка, Лисичина Дупка, Мореш и др.
Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Српетово имало 120 жители, сите Македонци муслимани.
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Според сознание на Миленко Филиповиќ објавено во 1940 г. Српетово имало околу 150 жители.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Демографија Родови Според истражување од 1940 г. најистакнат род во селото биле Чамовци, кој имал ограноци и во Вичиште, Дебар, Голејца со вкупно 60-70 куќи.
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица Категорија:Македонски населби во Албанија