Серијата Љубовни Врски е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во 1996 година, со 150 незаборавни епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, ја освои наградата за најдобра теленовела во 1997 година. Оваа теленовела ќе се памети и по шокантниот крај на серијата, кога продуцетнката Карла Естрада, остава голема мистерија за гледачите... дали на крајот остана жива Марија Гвадалупе или нејзината злобна сестра Марија Паола? Кај нас исто така оваа серија во 90те години имаше голем успех, и покрај тоа што се емитираше на локалните телевизии.

Синопсис Марија Гвадалупе, Марија Фернанда и Марија Паола се три идентични близначки. Но, слични се само физички. Животот и судбината на секоја од нив се различни. Кога имале само 3 години, нивните родители трагично починале. Тогаш, Марија Фернанда го изгубила видот, а Марија Гвадалупе исчезнала. Нивната баба Мерцедес, со години безуспешно ја бара Марија Гвадалупе. Девојчето во реката го пронашла и одгледала Ана Салас. Оздравувајќи, таа почнала на ништо да не се сеќава, тогаш таа одлучила да ја одгледа како своја ќерка. И Марија Фернанда се помирила со својата судбина, и пораснала во мила девојка. Додека, Марија Фернанда е сигурна дека нејзината сестра е жива, Марија Паола, трвдоглава и злобна, не сака ниту да ја прифати таа можност. Постојано крои заговори, за да себеси да си одвои најголем дел од семејниот имот. Но, виновник на нејзината злоба, се случките од минатото.

Улоги Глумци ЛиковиЛусеро Марија Гвадалупе СаласМарија Фернанда Ривас ИтурбеМарија Паола Ривас ИтурбеЛуис Хосе Сантандер Николас МирандаДемијан Бичир Валенте СегураОто Сирго Едуардо РивасОрландо Мигел Освалдо ЛареаСилвија Дербиз Милагрос

ДВД Издание Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Љубовни Врски. Во пакетот се состоат двд цедеа, со сите 150 епизоди.

Надворешни врски Латинска Душа Сериалс.ру

Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели