мини|Михаил Викторов Михаил Владимирович Викторов (, 24 декември 1893 - 1 август 1938) бил руски воен водач и врховен командант на советските поморски сили од август 1937 година до јануари 1938 година.

Кариера Роден во Јарослављ, Викторов бил син на офицер и дипломирал на Воената академија со златен медал како врвен кадет во 1913 година. За време на Првата светска војна, тој служел со Балтичката флота и бил навигациски офицер на борбениот брод Цесаревич.

Во Граѓанската војна тој им се приклучил на болшевиците и командувал со крстосувачот Олег,а бил и на борбените бродови Андреј Первозавнини и Гангут. Во 1921 година тој придонел за сузбивање на Кронштатскиот бунт .

Помеѓу декември 1924 година и април 1926 година бил именуван за началник на Централниот хидрографски оддел на СССР . Од 1925 година командувал со Советската флота на Балтикот, а во 1932 година бил основач на Советската тихоокеанска флота .

Тој станал командант на советската морнарица по апсењето на неговиот претходник. Викторов самиот бил уапсен на крајот на 1937 година и бил застрелан во 1938 година.

Наводи

Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Политичари од Комунистичката партија на Советскиот Сојуз Категорија:Руски војсководци Категорија:Луѓе од Јарослављ Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Родени во 1893 година Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда