Тринити е назив за првата проба на јадрено оружје. Пробата била спроведена од страна на САД на 16 јули 1945 на локација оддалечена 56 км (35 miles) југоисточно од Сокоро, Ново Мексико, со команден штаб блиску до Аламогордо. Пробата Тринити претставувала имплозија на плутониумска бомба—истиот тип на бомба била фрлена на Нагасаки, Јапонија, неколку седмици подоцна. Силината на детонацијата била еквивалентна на експолозија на околу 20 килотони на класичен ТНТ експлозив, и се смета за почеток на Атомската ера.

Надворешни врски Фотографии од пробата Тринити

Категорија:Експлозии Категорија:Проект „Менхетн“ Категорија:Места каде се извршени јадрени проби