Принцезата Зинаида Николаевна Јусупова (, (2 септември 1861 година – 24 ноември 1939 година) Variously transliterated from Russian as Yussupov, Yossopov, Iusupov, Youssoupov, Youssoupoff била царска руска благородничка, и единствената наследничка на најголемото приватно богатство на Русија во своето време. Позната по својата убавина и раскошноста на нејзиното гостопримство, таа била водечка фигура во руското општество пред револуцијата. Во 1882 година, таа се омажила за грофот Феликс Феликсович Сумароков-Елстон, кој кратко служел како генерален гувернер на Москва (1914–1915). Зинаида е најпозната како мајка на принцот Феликс Јусупов, убиецот на Распутин. Таа избегала од Русија во време на револуцијата и останатите години од нејзиниот живот ги поминала во прогон.
Ран живот Принцезата Зинаида Николаевна Јусупова била единственото преживеано дете на принцот Никола Борисович Јусупов (12 октомври 1827 - 31 јули 1891), маршал на царскиот двор, и грофицата Татјана Александровна де Рибопјер (29 јуни 1828 - 14 јануари 1879). Принцот Јусупов бил покровител на уметностите, а првенствено служел во канцеларијата на царот Николај Први. Мајката на Зинаида, била придружничка на царицата, и ќерка на Ком Александар де Рибопјер и на неговата сопруга Кетрин Михаиловна Потемкина, внука на принцот Потемкин. мини|Зенаида Јусупова од В. Бобров, 1889 година. Единствениот брат на принцезата Зинаида, принцот Борис Николаевич Јусупов, починал во раното детство. Таа исто така имала помлада сестра, принцезата Татјана Николаевна, која починала млада, во 1888 година. Како единствено преживеано дете на истакнат, високо поставен и многу богат пар, Зинаида уживала голема корист пред дворот. Таа била најголемата руска наследничка на нејзиното време, и последната од нејзината линија, лозата на Јусупови. Јусуповите, семејство со татарско потекло, биле многу богати, откако претходно го стекнале своето огромно богатство низ текот на генерациите. Нивните имоти вклучувале четири палати во Санкт Петербург, три палати во Москва, 37 недвижности во различни делови на Русија како Курск, Воронеж и Полтава. Тие поседувале повеќе од 100.000 хектари (400 км²) земја и нивните индустрии вклучувале фабрики за шеќерна репка, погони за тули, пилани, фабрики за текстил и картон, рудници за железна руда, мелници за брашно, дестилерии и нафтени полиња на Каспиското Езеро.
Принцезата Зинаида била позната по нејзината интелигенција, гостопримливост, убавина како и нејзините социјални способности кои ќе ја служат и подоцна во нејзиниот живот.
Зинаида починала во Париз, во 1939 година.
Брак мини|Семејството Јусупови во 1902 година: принцот Феликс, принцот Николај, грофот Феликс Феликсович Сумароков-Елстон и принцезата Зинаида. мини|Принцезата Зенаида во нејзината палата Моика, 1900 година. Овој портрет често се смета за ремек-дело на Валентин Серов. Принцот Николај Борисович Јусупов се надевал дека Зинаида ќе склучи славен брак, но на приемот организиран за да се спои со принцот од Батенберг, Зинаида се сретнала и се заљубила во грофот Феликс Феликсович Сумароков-Елстон (5 октомври 1856 година, Санкт Петербург, Русија - 10 јуни 1928 година, Рим, Италија), син на грофот Феликс Николаевич Сумароков-Елстон.Papi, Jewels of the Romanovs: Family & Court, p. 176 Феликс бил полковник во коњските гардисти. Тие се венчале на 4 април 1882 година во Санкт Петербург. Принцезата Зинаида и нејзиниот сопруг имале четири сина, од кои само двајца го преживеале своето детството: принцот Николај Феликсович Јусупов (1883–1908) и принцот Феликс Феликсович Јусупов (1887–1967). Откако неговиот свекор починал, во 1891 година, царот Александар Трети добил посебна дозвола за Феликс да ја носи титулата принц Јусупов, како и титулата на грофот Сумароков-Елстон и да ги пренесе истите титули на неговиот наследник. Принцот Феликс бил назначен за аѓутант на големиот војвода Сергеј Александрович во 1904 година и командувал со Коњаницата на Царските гарди. Во 1914 година тој бил назначен за генерален гувернер на Москва, функција која ја извршувал на краток период..
Колекција на скапоцени камења и накит Како глава на едно од најважните благородни семејства во Русија, Зинаида наследила огромно богатство, што директно значело да се поседува најголемата колекција на историски накит во Русија, втора по онаа на трезорите на Руското Царско семејство. Таа поседувала 21 дијадеми, 255 брошеви, 42 нараквици, 210 килограми избрани Објет д'арт и стотици илјади засебни скапоцени камења., About The Jewels of Princess Yusupouv Некои од познатите скапоцени камења биле: Бисер Ла Пелегрина во средината на 16 век, „Дијамантот Поларна Ѕвезда“ (дијамант 41,28 карат), „Бисер La Regente“ (петти по големина бисер во светот), Дијамант од главата на Рам од 17 век (дијамант од 17,47 карати) „Султан од Мароко Дијамант“ од 17 век (35,67 карати, четврти по големина син дијамант во светот), „ Дијамантски обетки на Марија Антоанета “од 17 век (два дијаманти од 34,59 карати), „Сапур од статуетката на сината венера“ (статуетка од сафир во висина од 10 см на божицата Венера на големиот Спинел) и исто така „Рубин Буда“ од 15 век (статуа од рубини од 70+ карати).
По нејзиното бегство за време на руската револуција, таа била принудена да ги остави сите свои финансиски средства во Русија: целата нејзина колекција на накит била скриена во таен трезор во палатата Мојка во надеж дека при нејзиното враќање во Русија ќе ги присвои повторно, но сепак сите биле пронајдени и продадени од болшевиците во 1925 година. За време на нејзиниот прогон ги зела со себе само најголемите камења и оние кои биле од историско значење, и ги продала за да го финансира животот на нејзиното семејство.
Наводи
Категорија:Луѓе од Санкт Петербург Категорија:Починати во 1939 година Категорија:Родени во 1861 година Категорија:Руско благородништво