ФК Ковентри Сити — англиски фудбалски клуб со седиште во Ковентри, Западен Мидлендс. Клубот моментално се натпреварува во Чемпионшип лигата, второто ниво на англискиот фудбал, откако избориле промоција во Лига Еден за време на сезоната 2019-2020.

Најголемиот успех во својата клупска историја Ковентри Сити го остварил со освојувањето на ФА Купот во 1987 година, кога во финалето го победиле Тотенхем со 3-2. Клубот, исто така, одиграл 34 сезони во првото ниво на англискиот фудбал во периодот 1967-2001 и биле еден од основачките членовите на Премиер лигата во 1992 година.

Најчесто настапуваат во небесно-сини дресови и шорцеви. Својте домашни натпревари ги играле на Хајфилд Роуд од 1899 до 2005 година, сè до отворањето на Рико Арената во август 2005 која го заменила Хајфилд Роуд како дом на клубот. Сепак, откако клубот не успеал да постигне договор со сопствениците на Рико Арената, рагби клубот Васпс, Ковентри Сити се преселиле на стадионот Сент Ендријус во Бирмингем. Ковентри игра дерби натпревар наречен М69 со локалниот соперник Лестер Сити.

Титули ФА Куп : 1 1986-1987

Трофеј на Фудбалската лига : 1 2016-2017

Познати играчи Филип Клеман Мухамед Коњиќ Крег Белами Џон Хартсон Дион Даблин Крис Киркланд Денис Мортимер Фил Баб Гари Брин Ли Карсли Роби Кин Мустафа Хаџи Јусеф Шипо Марло Кинг Гордон Страхан Кевин Галахер Гари МакАлистер Дејвид Спиди Виктор Ѓекереш Роланд Нилсон Магнус Хедман Арјан де Зеув Густаво Хамер Виорел Молдован

Наводи

Ндворешни врски Матична страна Ковентри Сити на Soccerbase Ковентри Сити на Transfermarkt Ковентри Сити на официјалната страна на UEFA

Ковентри Сити