Базел III претставува надополнување на Новата базелска спогодба со која се утврдуваат единствени меѓународни правила за регулација на банките.
Историјат Врз основа на договорот постигнат на состанокот на Управното тело на Базелскиот комитет, одржан на 6 септември 2009 година, во декември истата година, Базелскиот комитет објавил консултативен документ со наслов „Зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор“ (Consultative Document: Strengthening the resilience of the banking sector) во кој понудил неколку предлози за зајакнување на капиталот и ликвидноста, со цел да обезбеди поотпорен банкарски систем:BCBS, „Consultative Document: Strengthening the resilience of the banking sector“, Basel: Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2009. Јакнење на глобалната капитална рамка, со ревидирање и јакнење на трите столбови утврдени со капиталната спогодба Базел II: зголемување на квалитетот, транспарентноста и конзистентноста на капиталната база; подобрување на покриеноста на ризиците; дополнување на потребниот капитал со стапка на задолженост; намалување на процикличноста и промовирање на противцикличен заштитен слој на капиталот; системски ризик и поврзаноста меѓу финансиските институции. Воведување на глобален минимум ликвидносен стандард. Проценка на влијанието и баждарење.
Во текот на јавната расправа биле добиени коментари и забелешки од речиси 300 различни финансиски институции и организации, а Базелскиот комитет спроведол анализа за макроекономското влијание на предложената реформа. Врз основа на добиените коментари и извршената анализа, во јули 2010 година, Групата на гувернери на централните банки и раководители на супервизорските органи (The Group of Governors and Heads of Supervision) ја прифатила предложената реформа. Во ноември 2010 година, на самитот на Г-20 во Сеул се усвоила последната верзија на капиталната спогодба, позната како Базел III, а еден месец подоцна, таа била одобрена на состанокот на Базелскиот комитет
Содржина на Базел III Базел III се состои од два документа: „Базел III: Глобална регулаторна рамка за поотпорни банки и банкарски системи“ (A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems)BCBS, „Basel III: A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems“, Basel: Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2010. и „Базел III: Глобална рамка за мерење и следење на ликвидносен ризик и стандарди за ликвидносен ризик“ (International framework for liquidity risk measurement, standards and monitoring).BCBS, „Basel III: International framework for liquidity risk measurement, standards and monitoring“. Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2010. Со првиот документ била воведена стапката на задолженост која треба да служи како комплементарна мерка заедно со стапката на адекватност на капиталот. Исто така, биле воведени макропрудентни елементи во капиталната рамка, со цел да се намали ризикот од процикличност и поврзаност меѓу финансиските институции. Најпосле, во овој документ е содржана и времената рамка со роковите за имплементирање на капиталниот стандард Базел III. Вториот документ ги претставува реформите за зајакнување на ликвидноста на банките која била сериозно нарушена за време на Глобалната финансиска криза од 2008 година. Во декември 2010 година, Базелскиот комитет ги објави првите две хармонизирани ликвидносни стапки: стапката на покриеност на ликвидноста (Liquidity Coverage Ratio) и стапката на нето-стабилни извори на финансирање (Net Stable Funding Ratio). На 7 јануари 2013 година, Базелскиот комитет го објавил финалниот стандард за стапката на покриеност на ликвидноста наведен во документот „Стапка на покриеност на ликвидноста и алатки за следење на ризикот од неликвидност“ (The Liquidity Coverage Ratio and liquidity risk monitoring tools),BCBS, „Basel III: The Liquidity Coverage Ratio and liquidity risk monitoring tools“. Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2013. а во јануари 2014 година го објавил консултативниот документ за стапката на нето стабилно финансирање, со наслов „Стапка на нето стабилно финансирање“ (Consultative Document: The Net Stable Funding Ratio).BCBS, „Consultative Document: Basel III: The Net Stable Funding Ratio“. Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2014.
Прв столб Во првиот столб се направени неколку значајни промени:BCBS, „Basel III: A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems“, A Revised Version. Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2011.BCBS, „Basel III: A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems“. Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2020. Структурата на компонентите на капиталот е намалена од шест на три категории, а нивоата на адекватност на капиталот се намалени од три на две. Хибридните капитални инструменти се исклучени од дефиницијата на регулаторниот капитал, а во основниот капитал е ставен поголем фокус на акционерскиот капитал (обични акции и задржана добивка), отколку на инструментите со должнички одлики и понизок квалитет. Понатаму, минималниот однос помеѓу редовниот основен капитал (акционерски капитал) и активата пондерирана според ризиците е зголемен од 2% на 4,5%. а соодветно, стапката на вкупниот основен капитал (Tier 1) е зголемена од 4% на 6%, додека вкупната стапка на адекватност на капиталот остана непроменета (8%). Со Базел III се воведени два дополнителни слоја на капитал: „слој за зачувување на капиталот“ (capital conservation buffer) од 2,5% и „противцикличен заштитен слој на капиталот“ (countercyclical buffer) од 0% ~ 2,5%, кои се дел од акционерскиот капитал (Common equity tier 1 capital). Со воведувањето на овие два слоја, вкупниот редовен основен капитал се зголеми на најмалку 7%, додека во случај на воведување на максималната стапка на противцикличен капитал, акционерскиот капитал може да достигне 9,5% од активата пондерирана според ризиците. Според тоа, вкупниот основен капитал (Tier 1 capital) се зголеми на најмалку 8,5% од активата пондерирана според ризиците (11% доколку се примени повисоката стапка на противцикличен капитал) а вкупниот износ на сопствени средства се зголеми на 10,5% (13% при максималната стапка на противцикличен капитал). На тој начин, иако со Базел III не е изменета минималната висина на стапката на адекватност на капиталот од 8%, преку воведувањето на дополнителните износи на потребен капитал, висината на оваа стапка се зголеми најмалку за 2,5 процентни бодови. Зголемување на потребниот капитал за покривање на изложеностите што се покажаа како најризични за време на финансиската криза од 2007 година: ризикот на другата договорна страна (зголемување на капиталните барања за изложеностите што потекнуваат од трансакции со деривативи, репо-трансакции, трансакции на финансирање на хартии од вредност и вклучување на стрес-тест при определување на потребниот капитал), изложеноста на банките на пазарите преку шалтер, изложеноста кон големи финансиски институции и секјуритизацијата (повисоки пондери за ризик за ресекјуритизираните изложености и за секјуритизациите евидентирани во портфолиото за тргување). За системски значајните банки (systemically important banks), без разлика дали се системски значајни на глобално ниво или во рамки на земјата каде функционираат, Базел III предлага дополнителен основен капитал, заштитен слој за апсорпција на загубите во обем од 1 до 3,5% (во зависност од значајноста на банката), зголемен капитал за вонредни околности и зајакнати мерки за прекуграничната супервизија и резолуција. Базелксиот комитет има развиено методологија која вклучува квантитативни индикатори и квалитативни елементи за идентификување на системски значајните банки. Значајноста на банките се одлучува врз основа на големината на банката, интеграцијата со финансиските пазари и влијанието кое финансиската нестабилност на овие банки врз националните и глобалните финансиски пазари. Најпосле, со Базел III се воведе нов показател - стапката на задолженост која претставува однос на капиталот (основен капитал) и билансната и вонбилансната актива (вклучувајќи ги и дериватите) на банката, а која треба да изнесува 3%.
+ Ниво на потребниот капитал за покривање на ризиците според Базел III Акционерски капитал Основен капитал Вкупен капитал 1. Минимум 4,5 % 6 % 8% 2. Заштитен слој за зачувување на капиталот 2,5 % 1 + 2 7 % 8,5 % 10,5 % Противцикличен заштитен слој 0 5 - 2,5 % Вкупно 7 % - 9,5 % 8,5 % - 11 % 10,5 % - 13 %
Регулаторен капитал Според Базел III, регулаторниот капитал се состои од две категории: Основен капитал (Tier 1 Capital), кој се состои од две ставки: редовен основен капитал (Common Equity Tier 1 Capital) и дополнителен основен капитал (Additional Tier 1 Capital). Дополнителен капитал (Tier 2 capital).
Притоа, минималното ниво на вкупниот основен капитал (Tier 1) е зголемено на 6% од активата пондерирана според ризиците при што редовниот основен капитал мора да биде најмалку 4,5%. Вкупниот капитал на банката (Tier 1 плус Tier 2) мора да изнесува најмалку 8% од активата пондерирана според ризиците. Оттука, според Базел III, основниот капитал (Tier 1) треба да сочинува најмалку 75% од вкупниот капитал, а дополнителниот (Tier 2) капитал само 25%. Во рамките на основниот капитал, поголем акцент е ставен на акционерскиот капитал (обичните акции и задржаната добивка), отколку на инструментите со должнички одлики. Минималниот однос меѓу редовниот основен капитал и активата пондерирана според ризиците е зголемена од 2% на 4,5%, а минималната стапка на основниот капитал (Tier 1) е зголемена од 4% на 6%, додека вкупната стапка на адекватност на капиталот остана непроменета (8%). Во споредба со Базел II, Базел III целосно ја исклучи категоријата дополнителен капитал (Tier 3 Capital), која ја сочинуваа инструментите за покривање само на пазарните ризици.
Aкционерскиот капитал (Common Equity Tier 1 Capital) е составен од следниве компоненти: обични акции издадени од банката кои ги исполнуваат критериумите за класификација како обични акции за регулаторни потреби; премија од издавање на инструменти вклучени во акционерскиот капитал; задржана добивка; акумулирана останата сеопфатна добивка и други откриени резерви; обични акции издадени од консолидирани подружници на банката кои се во сопственост на трета страна (малцинско учество), кои ги исполнуваат критериумите за вклучување во акционерскиот капитал; регулаторни приспособувања кои се применуваат во пресметката на акционерскиот капитал.
Во дополнителниот основен капитал (Additional Tier 1 capital) се вклучени следниве ставки: инструменти издадени од банката кои ги исполнуваат критериумите за вклучување во додатниот основен капитал, а не се вклучени во основниот редовен капитал; премии од издавање на инструменти вклучени во дополнителниот основен капитал; инструменти издадени од консолидирани подружници на банката кои се во сопственост на трета страна и ги исполнуваат условите за вклучување во дополнителниот основен капитал, а не се вклучени во основниот редовен капитал; и регулаторни приспособувања кои се применуваат во пресметката на дополнителниот основен капитал.
Притоа, ставките од дополнителниот основен капитал треба да ги исполнува следните услови: да бидат издадени и уплатени; да бидат субординирани во однос на депонентите, генералните кредитори и субординираниот долг на банката; да не се осигурани ни гарантирани од издавачот што правно или економски ја подобрува предноста на побарувањето во однос на кредиторите на банката; да немаат рок на доспевање, некоја опција за повлекување или друга мотивација да се откупи; да можат да бидат повлечени по 5 години од датумот на издавање (по претходна дозвола од надлежниот супервизорски орган); секоја отплата на главница е предмет на одобрување од надлежниот супервизорски орган и банката не смее да создава слика дека такво одобрение ќе биде добиено;