31 п.н.е. Последната граѓанска војна во Рим: во Битката кај Акциум силите на Октавијан ги победуваат војските на Марко Антониј и Клеопатра. 1666 Избувнал Големиот пожар во Лондон, кој горел три дена, уништувајќи 10.000 градби вклучувајќи ја и катедралата Свети Павле. 1752 Обединетото Кралство го вовело грегоријанскиот календар, речиси два века подоцна од Западна Европа. 1807 Британската морнарица го бомбардирала Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да го спречи предавањето на Данска на флотата на Наполеон Бонапарт. 1922 Во Скопје бил формиран спортскиот клуб „Македонија“. 1930 Со авионот „Знак прашање“, француските пилоти Диеодн Кост и Морис Белонт го извршиле првиот непрекинат лет меѓу Европа и САД. 1944 Ослободен е Демир Хисар. 1944 Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, одржана во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донел одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одиграла мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. 1945 Завршила Втората светска војна: Конечното предавање на Јапонија било прифатено на борбениот брод „Мисури“, во пристаништето на Токио. 1991 Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија. 2011 Јошихико Нода бил назначен за Премиер на Јапонија. 2 септември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 2 септември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.