Задружни Штали — археолошко наоѓалиште во охридското село Речица. Претставува некропола од железно време и римско време. На западниот крај од селото, при копањето на темели за задружните штали и при нивелирањето на просторот пред нив, во 1952 година биле откриени и растурени повеќе гробови. Делумно е зачувана само една гробна целост составена од сребрена ромбоидна плочка, бронзен шлем, врв од копје и двојна игла од бронзена жица.

Поврзано Задружни Штали — некропола од железното и римското време; Ковче - Падина — средновековна црква и некропола; Лозишта — депо на бронзен накит и железното време; Манастириште - Св. Недела — средновековна црква; Речица; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Речица (Охридско)