Турски Гробишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува некропола од доцната антика. Југозападно од селото, на просторот каде што се изградени новите викендички и во околината се среќаваат фрагменти од керамички садови и биле откриени гробови градени од големи тегули. Гробните прилози не се зачувани, со исклучок на една крстовидна фибула која се чува во Заводот имузеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бучила — населба од неолитско време и некропола од римско време; Градиште — утврдена населба од хеленистичко време; Раица — старохристијанска базилика; Св. Атанасија — некропола од римско време и средновековна црква; Св. Богородица — средновековна црква; Св. Наум — средновековна црква; Св. Никола — средновековна црква и некропола; Св. Петка — средновековна црква и некропола; Стара Колиба — населба од римско време; Турски Гробишта — некропола од доцноантичко време; Љубаништа; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Љубаништа