Кулишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Скребатно. Претставува средновековна кула. На околу 800 м северно од селото се наоѓа прилично висок рид што надвладејува врз околниот терен, опкружен со планини и пристапен само од источната страна, покрај планината Бигла. На врвот се гледаат остатоци од темели на мала кула - набљудувачница, со димензии 8 м (исток-запад) на 5 м (север-југ). Кулата била подигната покрај комуникацијата наречена „Друмје“ која во средниот век го поврзувала Охрид со Битола.
Поврзано Скребатно; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско.
Наводи