Националниот музеј (НМ) () — чешка музејска институција наменета за систематски да основа, подготвува и јавно изложува природни научни и историски колекции. Основана е во 1818 година од Кашпар Марија Штернберг. Истовремено, во процесот на основањето на музејот силно бил вклучен и историчарот Франтишек Палачки.

Во Националниот музеј има речиси 14 милиони предмети од областа на природната историја, историја, уметност, музика и библиотекарство, кои се наоѓаат во десетици музејски згради. Главната зграда на Националниот музеј е реновирана во периодот од 2011-2019 година.

Потекло

По Француската револуција, кралските и приватните уметничките, научни и културни колекции биле ставени на располагање на јавноста. Почетоците на музејот може да се видат уште во 1796 година кога е основано приватното Друштво на патриотски пријатели на уметноста од грофот Каспер Стернберк-Мандершид и група други истакнати благородници. Предвидената цел на друштвото била „обновување на унапредувањето на уметноста и вкусот“ и за време на Јосиф Втори, таа ќе се спротивстави на кралот. Во 1800 година, групата ја основа Академијата за ликовни уметности, која обучувала студенти за прогресивни форми на уметност и историја.

Колекции и оддели мини|Главната сала на Националниот музеј на Чешка Во Националниот музеј моментално има неколку милиони предметни материјал кои се распоредени во три главни дела: природниот музеј, историскиот музеј и библиотеката.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Националниот музеј

Категорија:Национални споменици на културата на Чешка Категорија:Куполи Категорија:Природонаучни музеи Категорија:Национални музеи Категорија:Историски музеи во Чешка Категорија:Прага