„Вие се оро македонско“ — македонска народна песна. Песната е посветена на македонското оро кое во песната, се играло покрај Вардар во Скопје во присуство на многу Македонци. Песната има патриотски карактер.
Текст -Вие се, вие оро македонско, голем собор ми се собрал крај Вардарот. Оро и песна, сонце и љубов, тоа е наша Македонија.
Сиот народ се насобрал македонски, прегрнати братски да се развеселат. Оро и песна, сонце и љубов, тоа е наша Македонија.
Дали гледаш, мило Скопје, дали слушаш како македонска песна се пее? Оро и песна, сонце и љубов, тоа е наша Македонија.
Надворешни врски Вие се оро македонско (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org
Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски родољубиви песни