Tenthredo caucasica е палеарктички вид растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Франција, Швајцарија (на Алпите), Турција и Транскавказ. Во Македонија се среќава во маврово.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 182
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 12 милиметри. Главата зад очите проширена, антените се црни. Градите се црни, крилата кафеаво затемнети, жилките и стигмата црвеножолтеникави. Нозете се црни, абдоменот црн, третиот тергит со жолт појас.
Ларвите не се доволно проучени.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија