Бегство од затворот „Идризово“ ― бегство на политички затвореници од затворот „Идризово“, крај Скопје. Од пролетта 1943 година, овој затвор бил пренаменет за политички затвореници доведувани од цела Македонија и од Бугарија. На 29 август 1944 година, над 350 политички затвореници извршиле организирано бегство и им се приклучиле на единиците на НОВ и ПОМ.
Обид за бегство во 2023 г. Тунел долг колку три и пол градски автобуси ископале затвореници во најголемиот затвор во Македонија во 2023 г. Од тунелот била извадена земја за да се наполнат десет тракторски приколки. Греди и тули за потпирање позајмиле од напуштените објекти во дворот на затворот. Откако службите извршиле увид, бидејќи се работело за безбедносен ризик, местото било прекопано, а на 22 март 2023 г. бил ставен и тампон за да може да продолжи да си биде шеталиште.
Најмалку осум затвореници осудени на тешки затворски казни со месеци копале тунел за да избегаат од затворот „Идризово“, кој се наоѓа на околу 19 километри од центарот на главниот град на Македонија, Скопје. Тунелот бил долг околу 40 метри со пречник од 80 сантиметри, доволно за да може низ него да се ползи. Се наоѓал на длабочина од 1 метар и бил попречен со тули и гредички за да не паѓа земјата. Затворениците ископале околу 20 кубни метри земја, што практично значи дека можело да се наполнат 10 тракторски приколки.
Ископаната земја се носела во контејнери за ѓубре што се наоѓале зад објектот за јаглен, а можно е и да се распоредувала некаде низ дворот, посочиле од Управата за извршување санкции.
Наводи
Категорија:Затвори Категорија:Злосторства __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__