Macrophya tenella е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.

Живеалиште Географски осата се среќава во Унгарија и во Македонија.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 236

Биологија Главата им е црна а од горе блескава, горната усна, клипеусот и основата на мандибулите се бледожолти, антените црни и покуси од главата и градите. Градите се црни, работ на пронотумот, тегулите попречниот појас на мезоплеурите и епистернумот на метаплеурите бледожолти. Мезонотумот пунктиран и блескав. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата темнокафеави. Нозете бледожолтеникави, основата на предните кокси, горниот и долниот дел на задните кокси, делумно предните тибии, врвовите на задните тибии и сите тарзуси црни. Абдоменот црн, задните рабови на тергитите жолтеникави, долниот дел на абдоменот исто така, со жолтеникави задни рабови на стернитите. Деветтиот сегмент во поголемиот дел жолт.

Ларвите и биологијата на видот се непознати.

Наводи

Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Растителни оси