70  Римската армија под водство на војсководецот Тит го окупира и уништва Ерусалим. 1764  Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. 1822  Бразил прогласува независност од Португалија. 1901  Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи. 1940  Авионите на Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше позната под името „Лондонски блиц“. 1992  Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. 1993  Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија. 1997  Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ во Македонија. 2012  Околијата Јиљанг, Кина ја погодуваат два земјотреса со јачина од 5,6 и 5,3 Mw. Несреќата однела 89 животи и повредила 800 лица. Срушени се 20.000 домови, а евакуирани се уште 100.000 граѓани.

7 септември