мини|десно|270п|Јазични подрачја во Швајцарија – сооднос на мнозинското население согласно статистичко испитување спроведено во 2010 година. Управната поделба на картата е согласно 1 јануари 2026 година.

Романдија (Christophe Büchi: Nur ein bisschen Brüder. Der Begriff Romandie. In: NZZ, 19. August 2016.), се среќава и како Француска Швајцарија, Францускојазична Швајцарија, Франкофонска Швајцарија или Западна Швајцарија — поим со којшто се опишуваат подрачјата на Швајцарија каде што се зборува францускиот јазик.Démographie: suisse romande Le cap des deux millions . L’Hebdo. 14 mai 2017.

Романдија се состои од кантоните Женева, Јура, Нешател и Во со француски како службен јазик, како и франкофонските делови на двојазичните кантони Берн (Бил и Бернска Јура), Фрибур и Вале. И покрај тоа што населението од 2 милиони жители во Романдија претставува околу една четвртина од вкупното население на земјата, Женева е втор најголем град веднаш по Цирих и пред Базел, а Лозана е петти најголем град веднаш по Базел.

Поврзано Германска Швајцарија Италијанска Швајцарија Ретороманска Швајцарија Латинска Швајцарија

Наводи

Надворешни врски

Büchi, C.. Die Geburt der Romandie. Neue Zürcher Zeitung. 14. Januar 2017.

Категорија:Региони во Европа Категорија:Региони на Швајцарија